Кој знае, знае, кој не знае, ќе дознае. Пред некое време, имаше дебакл со image hosting сајтот Photobucket. Имено, сопствениците на Photobucket решија веќе да не го даваат бесплатно тоа што они го нарекуваат "third party hosting". Кратко кажано, веќе не може сликите да ги share-увате преку share линк, туку ако сакате да го направите тоа, ќе мора да платите. За жал, ова важи и ретроактивно, т.е. и оние членови кои имале бесплатен account, сега ќе мора да платат за да можат сликите пак да се прикажат најнормално на форумов (или на било кое друго место).
Јас, сам на своја рака, веќе некое време, кога ќе можам и кога ќе имам слободно време, ги преместував сликите ставени од страна на членови на форумов на free hosting сајтови (најчесто од imgur, но и од други image hosting сајтови) на Photobucket. Зошто? Па, се разбира, имав најдобра намера. Искрено, не знаев кои членови имаат најрегуларни account-и на овие image hosting сајтови, а кои не, така да, со цел да се зачува содржината од сликите на форумов, а и знаејќи дека Photobucket постои подолго време (си има историја, значи нема туку така да си отиде како многу други image hosting сајтови, веќе имавме ваков дебакл со pic.mk), решив содржините од post-овите на членовите да ги префрлувам на мојот Photobucket account. Во времето кога ја донесова оваа одлука, ми изгледаше како правилна... мислам дека никој не можеше да го предвиди она што им текна да го направат сопствениците на Photobucket.
Како и да е, од сликите на account-от имам направено backup (ги имам симнато од account-от). Теми во кои имам ставано слики на мојот Photobucket account има премногу (вкупно има над 3000 слики). Не е проблем да ги вратам назад, само ќе треба да посочите во која тема сликите фалат (ја јавува онаа глупава слика која вика дека мора да платите за да се прикажат сликите) и ќе ги ставам пак назад.
Моментално го користам MediaFire како алтернатива... има direct image linking опција и пред се се користи како file/media hosting, но јас само за слики го користам. Како и да е, мислам дека е прилично стабилен, го преживеа периодот со Megaupload, а и имам забележано дека линкови и од пред 5 години на најразлични сајтови, сеуште се активни, така да, мислам дека ветува... освен ако не им текне да направат нешто слично како Photobucket, како што веќе пишав, тоа не може никој да го предвиди.
Пријавете ги темите во кои сликите не се прикажуваат, во оваа тема (со линк до темата). Ако сликите биле на мојот Photobucket account, ќе ги вратам назад
.