Момци, ова изгледа е "out of my range"
Ги исклучив буквално сите потрошувачи, проблемот останува, да го дијагностицирам дел по дел е малку комплицирано за мене, бидејќи на еден осигурач имам два штекера во кујна да речеме и еден во спална, на друг бојлер и друг некојси штекер, значи турли тава, уште од како знам за себе, има некои 5 жици што буквално штрчат од ѕид, само се така поднапикани во дупче, па кречено глетувано преку нив, се наоѓаат некаде на средина помеѓу таблата и прекинувачот за бојлерот, во ходник, растојанието е околу 3 метра од табла до прекинувач за бојлер, на местото на тие жици порано, пред 30-тина години, имало домофон кој сега не е во функција, дури и кога ги извадив сите внатрешни осигурачи, и трите надворешни, на тие жици имаше околу 50-60 волти АС, дозната над нив ја отворив, цело црно внатре, и само една жица во неа, којзнае кај оди, некаде према купатило веројатно, имало некој проблем па е премостувано импровизирано нешто, стварно не можам да се снајдам чисто од страв да не направам некоја поголема беља, растурив таблата со осигурачи, нема некои редни клеми да речеш културно средена инсталација, туку врзувано само жици една со друга, па лепено со СЕЛОТЕЈП
баш ми се распадна во раце кога го допрев.. На осигурачите за шпорет кај што е трофазна, ги има три нели за секоја фаза, еден осигурач 10 Ампера, другите два напикано по 7-8 лицни внатре, којзнае колку амперски излегуваат сега, ако не се и над 20, истиот случај и со главните надворешни, само пикано по 7-8 лицни внатре, колку да не гори често, сега знам и зошто не изгоре ниеден кога пред некое време направив по грешка директен спој фаза со нула, имам осигурачи ко за во фабрика
, се надевам само дека нема да морам да копам и да менувам инсталации, а за овој проблем со таблата и останатото, гледам дека е време да дојде на сцена некој професионалец што правилно и безбедно ќе дијагностицира и отклони секаков дефект, да можам да бидам сигурен утре кога ќе го оставам празен станот, дека нема да ми се јават комшии дојди ти гори нешто. Момци, кој од вас ги работи овие работи, дали би можел да ми каже од прилика која цена чини менување табла, преспојување и слично, монтирање фит склопка и сите потребни процедури, да видам дали сум спремен финансиски уште оваа недела да го повикам и да ја решам веќе ситуацијава, не се потценувајте, кажете си реална цена. Благодарам однапред.