Го решив проблемот, но речиси е невозможно да се користи овој СМПС без заземјување, поготово на масата од секундарот, преку 10 оми отпорник.
Многу зрачење има во целиот склоп, само со заземјување на ладилниците, од 320AC се симна на 120AC (маса на секундар спрема заземјување).
Излезната пригушница нема никаква врска со ова. Пресметана ми беше, правев и common mode пригушници, но не се изгуби. Излезни кондензатори ставени ми се 470uF, 220uF и 100nF. А многу сакав да го користам без заземјување на секундарот, да биде флоутинг.
ако инсталацијата има нулто заземјување обавезно се јавува брум, до сега така имам приметено, значи како што пишав одлеми го заземјувањето, пробно
Да, значи АЦ напонот се намалуваше ако го приклучам на оние кондензатори паралелни од ЕМИ филтерот, но само на 120V AC (нормален потенцијал меѓу live i neutral), при што секако имаше брум.
Брумот не се јавува кога нема ништо на влез, ниту преку мобилен кога е поврзано. Се јавува само кога ке се спои засилувачот со извор на звук кој е приклучен на градска мрежа.
Споено мислење: 25.08.2014, Monday, 13:36:45
Речиси цела недела вршев испитувања зашто и од каде потекнува оваа разлика во напонот. Ке прикачам шема како успеав да го решам целиот проблем, сега работи перфектно. Но мора да биде поврзано со заземјување од штекер.