Подесувањето е индивидуално.
Белата линија е баш за тоа, незнам каде го имаше напишано тоа, во некој мануал 100% ама немам намера да го барам и поставувам сеа.
Инаку и јас не го практикував тој начин, но бидејќи праша за правило, тоа е некое правило кое ми останало во сеќавање.
Јас реков дека бојата ја подесував на снег, да биде црно бела, со намалена боја до крај.
Претходно нормално да ти се добро подесени Г2 и фокусот.
Инаку Тома ти пиша како да го подесиш светлото и фокусот, а и останатите работи.
На постари телевизори, никогаш нема да можеш да ја подесиш сликата да биде одлична. Секогаш ке биде добра.
На времето во сервис постар муштерија ми донесе Камакраун, на кој му менувавме високонапонски трансформатор. Меѓу другото имаше и дефект со една од боите, односно немаше плава...
Само црвена и зелена.
Телевизорот среден но кога дојде муштеријата да си го земе, се фати за глава и се запрепасти!!! Го цитирам:
ШТО МУ НАПРАВИВТЕ ЗАБОГА НА МОЈОТ ТЕЛЕВИЗОР?
Викам господине телевизорот ви е како од фабрика. Има одлична слика, ново трафо, има да ве служи уште 10 години без проблем...
Ма јок, вика сликата неможам да ја гледам, одвратна е...Боите ми се измешани.
Викам господине, покрај трансформаторот, имавте проблем на телевизорот и со една од боите, плавата, па и тоа го средивме од нас, бесплатно, не се секирајте, тој дефект не го наплаќаме екстра од договорот...
Вика НЕ, ова не ми се допаѓа, сакам сликата да ми биде како претходно!!!!
Јас зачуден, телевизорот на маса и му викам за 15 секунди е готово. Само додека да ги отштрафам 15 штрафа, колку што имаше таа дрвената кутија
Викам дојдете и кажете како сакате!!!
После две минути, наштелувано да биде црвено зелено се, муштеријата се заблагодари и си замина
После таа случка, на ниеден телевизор јас не пипнав тримери за боја, освен ако тоа не ми беше пријавено за дефект.
Затоа ти викам. Се околу подесувањето е индивидуално.
Подеси како тебе ти се гледа убаво и уживај...
Поздрав