Здраво дечки.Имам проблем со телевизоров кој е прилично стар,а и мислам дека до сега воопшто не е сервисиран.Значи проблемот е во тоа што кога ќе го вклучиш нема слика а има пискав тон. Тоа се случи наеднаш, си работеше нормално и го исклучив,по некое време кога го вклучив се јави овој проблем.На капакот позади пишува КОТRОN P2001-SBK,А внатре на плочата ја најдов оваа ознака 0705-А20045-01
(би требало да е ознака за шасијата)беше од двете страни на плочата напишана.Немаше подуени кондензатори или нешто изгорено по изглед.На плочата се овие интефрирани кола:Toshiba Japan TMP47C434AN, TOSHIBA TA 7698 AP;MITCUBISHI M51397 AP, I и транзистор D1710.Јас мислам дека е до некој транзистор проблемот,но барам и ваше мислење и помош.Ви благодарам однапред и поздрав.
Eве и некоја слика од плочата