Има и трета опција таканаречена „трет човек“ или посредник а тоа е да симулирате базна станица и буквално да правите „пепел“ во радиус од 500 метри, но и за ова ви треба страшно многу опрема
Е оваа идеја е најдобра, ама за релативно брзо време ќе те фатат со „лисичар“, ќе приметат дека корисници ненадејно им се губат од мрежата и тоа само во определена област. Овен ако немаш комбе и да ја шеташ опремата, хахахахаах
.
Ама како што рече, треба страшно многу опрема и пари, само еден базен контролер чини некаде околу 500 до 600 евра, и тоа ова важи за евтините Кинески копии на Alcatel базните контролери (што за жал се монтираат и кај нас, а ни кажуваат дека опремата што ја користат е „супер“). Оригиналните контролери се некаде околу 2000 евра. А да не зборувам за цената на базната станица колкава е, хахахахаха
.
Наједноставно според мене е да поминеш незабележан преку firewall-от на интернет мрежата што ја користи операторот (иако и ова е многу тешко) и да си ги користиш базите на податоци и целата опрема на начин на кој на тебе ти одговара
. Ама, како што знаеме сите, ова е нелегално, и се оди на тешка робија зо ова ако те фатат, кршење на интима на корисници е тоа :S.
Е сега пак од друга страна владата може да го прави тоа, но јас не можам. Што знам, ова веќе е малку и филозовско/етичко/морална/правна дилема и дискусија. За ова ќе треба да се отвори цел нов topic, хахахахаах
.
Види мислам за ЦИА кога ке се каже нешто па тоа ке се пренесе преку "расипан телефон" од луѓе доживува многу измени информацијата, ова го мислам за она погоре што го пишав дека ЦИА од сегашното седиште во грција со својата опрема може да ги слуша сите радио сигнали па макар GSM апаратите и ФМ бубите во грција, Македонија, Бугарија Србија па дури и Босна се нереални гласини. Ај да речеме дека од сателит ги слушаат тие фрекфенции што не би имале голем домет преку планини и ридови но за да стигне сигналот до сателит на треба да има некоја снага бар од 0,5W или слично и тоа ова го зборам ако сателитот има насочена антена баш накај предавателот а и да ги фати тие сигнали ке има многу висока интерференција па нема ништо да се разбере а ако сигналот е дигитален нема да може да се декодира. Замисли да слушаш 50 радиа на ФМ и сите да се на иста фрекфенција или 10 000 мобилни телефони на иста фрекфенција што емитуваат.
Да да, се сложувам, малку се преувеличени работите, се прислушкуваат само сомнителните разговори и сомнителните броеви, да се концентрираш на цела грамада на броеви и разговори, не можеш, тоа е физички невозможно. Точно се знае кои се сомнителни разговори и телефонски броеви. А дека се прислушкува, дефинитивно да, во тоа воопшто не се ни сомневам.
Ај да прекинеме со муабетов и ние да не се најдеме на листата на прислушкувани, хахахахаха
.