Author Topic: Инсталирање на Windows XP на USB Флеш драјв  (Read 1656 times)

Offline nCounTr

  • Почивај во мир
  • Стручњак
  • *****
  • Posts: 231
  • Gender: Male
  • Дипл.Ел.Инж.
    • Македонски форум за електроника
Инсталирање на Windows XP на USB Флеш драјв
« Opened on 25.10.2009, Sunday, 18:56:26 (Edited 25.10.2009, Sunday, 19:15:38) »
Значи како што кажува самиот туториал, ова се однесува на чиста инсталација на Windows XP оперативен систем на USB Флеш од минимални 2 гигабајти па нагоре.

Значи за следење на овој туторијал потребен е следниов софтвер:

* Постоечка инсталација на Windows за следење на секој од чекорите од туториалот
* USB тврд диск или USB флеш од минимум 2 гигабајти
* Windows XP во .iso фајл формат (Тестирано со Service Pack 3)
* nLite за отпакување на .iso фајлот за понатамошно едитирање на понатаму кажаните фајлови
* Microsoft CAB SDK
* Програм за режење (горење) што поднесува .iso фајлови. Јас го искористив Nero v8

1) Дали вашиот компјутер поддржува бутирање од USB?

Вообичаено оваа опција ја има во BIOS-от. Ако не е таму, тогаш прегледајте дали има во Update фајловите за BIOS-от на вашата матична. Ако не сте сигурни, продолжете со туториалот и видете што ќе се случи ;-)

2) Препознавање дали вашиот USB тврд диск или USB флеш е бутабилно

Поврзете го вашиот USB драјв на компјутерот директно без Hub. Потоа, при исклучен компјутер исклучете (disconnect) ги сите останати хард дискови, одкога ќе до направите тоа покренете го компјутерот и внесете го дискот со Windows XP во оптичкиот драјв.
Покренејте ја инсталацијата и отидете до делот каде ви бара да го означите тврдиот диск. Ако отиде инсталацијата после чекорот за правење на партиции на тврдиот диск, тогаш вашиот USB драјв е бутабилен. Ако вашиот случај е обратно, тогаш можно е да ја добиете следнава грешка „Windows is unable to find your drive, partition, data etc...“. Тоа не е голем проблем, бидејќи единственото што треба да направите е добро да го форматирате USB драјвот, а тоа ќе го направите со користење на оваа програма од HP.
Јас употребив NTFS формат. После тоа флешот ми беше препознаен како валиден тврд диск за инсталација на оперативниот систем. (Испробано на Apacer 8GB Flash - купен од Анхоч).

3) Правење на Windows дискот во ISO фајл

Многу лесен чекор
Единствено што треба да направите е да го внесите во програма која прави .iso имиџ фајлови. Јас го искористив nLite за да направам .iso фајл, при што го искористив и за слип стрим на Service Pack 3 со што ги добив и отпакувани сите фајлови во посебен фолдер за едитирање.
Но може да се направи и поедноставно со користење на програм како WinISO (за кое треба да ја имате платената верзија) или да го искористите слободниот ImgBurn - двата можете да ги најдете со претражување на гугл.

4) Овој чекор е за отпакување на фајловите кои требаат за едитирање

Значи го покренувате nLite и одите Next, после тоа го кликате копчето Browse и ја селектирате патеката до вашиот CD-ROM каде претходно го имате внесено Windows XP дискот или претходно .iso фајлот го внесувате во виртуелен драјв (Јас го искористив Alcohol 120%). Притоа ако користите виртуелен драјв ке го означите него наместо вашиот CD-ROM. Потоа ќе ви се појави екранче со копче OK на него, ќе го кликнете OK копчето и ќе ви се појави прозорец за каде да ги отпакува фајловите во овој дел направете нова папка на десктопот и означете го тој фолдер.
Така во новиот фолдер од десктопот се наогаат сите фајлови за Windows XP од каде ќе земеме неколку фајлови за понатамошен едит. Па така лоцирајте ги овие фајлови (кои се наоѓаат во I386 фолдерот од отпакуваните фајлови):

* TXTSETUP.SIF
* DOSNET.INF
* USB.IN_
* USBPORT.IN_
* USBSTOR.IN_

фајловите копирајте ги во нов фолдер за понатамошен едит.

5) Отпакување на IN_ фајловите

Со користење на Cab SDK (од командната линија) се врши отпакување на .IN_ фајловите од кои ќе излезат овие три фајлови (притоа секој од .IN_ фајловите содржи само еден .ini фајл):

* usb.inf
* usbport.inf
* usbstor.inf

Ако не знаете како да го користите Cab SDK тогаш ќе ги копирате сите фајлови кои се наоѓаат во фолдерот BIN од Cab SDK и ќе ги ставите во истиот фолдер каде што се наогаат погоре споменатите .IN_ фајлови.
Потоа ќе го покрените програмот cmd со користење на Run командата од Start менито на Windows-от и со користење на DOS команди ќе отидете во фолдерот каде ги ставивте сите фајлови од BIN фолдерот. Од овде ќе ја извршите командата:

cabarc x *.IN_

Со што ке ги добиете погоре споменатите .ini фајловите.
Сега е сигурно да ги избришите .IN_ фајловите.

6) Едитирање на фајловите:

Ова е главната работа во целиот туториал. Овде користејте обичен текс едитор како Notepad од самиот Windows.

6-A) TXTSETUP.SIF

Овој фајл се повикува при самиот почеток за инсталација на XP од самиот инсталер. Во овој фајл ке го промениме начинот на кој инсталерот ги третира USB драјвовите - по default ги третира само како влезни уреди што ние ќе го промениме да ги третира како USB Mass Storage.

Најпрво преместете го следниве линии код од [InputDevicesSupport.Load] кон [BootBusExtenders.Load] делот, како што е прикажано овде:


[BootBusExtenders.Load]
pci = pci.sys
acpi = acpi.sys
isapnp = isapnp.sys
acpiec = acpiec.sys
ohci1394 = ohci1394.sys
usbehci = usbehci.sys
usbohci = usbohci.sys
usbuhci = usbuhci.sys
usbhub = usbhub.sys
usbstor = usbstor.sys


[InputDevicesSupport.Load]
usbccgp = usbccgp.sys
hidusb = hidusb.sys
serial = serial.sys
serenum = serenum.sys


... сега сторете го истото за [BootBusExtenders] и [InputDevicesSupport]:

[BootBusExtenders]
pci = "PCI-Bustreiber",files.pci,pci
acpi = "ACPI Plug & Play-Bustreiber",files.acpi,acpi
isapnp = "ISA Plug & Play-Bustreiber",files.isapnp,isapnp
acpiec = "Integrierter ACPI-Controllertreiber",files.none,acpiec
ohci1394 = "IEEE-1394-Bus-OHCI-konformer Anschlusstreiber",files.ohci1394,ohci1394
usbehci = "Erweiterter Hostcontroller",files.usbehci,usbehci
usbohci = "Open Hostcontroller",files.usbohci,usbohci
usbuhci = "Universeller Hostcontroller",files.usbuhci,usbuhci
usbhub = "Standard-USB-Hubtreiber",files.usbhub,usbhub
usbstor = "USB-Speicherklassentreiber",files.usbstor,usbstor


[InputDevicesSupport]
hidusb = "HID-Parser",files.hidusb,hidusb
serial = "Treiber f�r seriellen Anschluss",files.none,serial
serenum = "Enumerator f�r seriellen Anschluss",files.none,serenum
usbccgp = "USB Generic Parent Driver",files.usbccgp,usbccgp

Следно треба да внесиме неколку клучеви во регистерот. Така внесете ги следниве линии код во [HiveInfs.Fresh] делот:

[HiveInfs.Fresh]
AddReg = hivedef.inf,AddReg
AddReg = hivesys.inf,AddReg
AddReg = hivesft.inf,AddReg
AddReg = hivecls.inf,AddReg
AddReg = hiveusd.inf,AddReg
AddReg = dmreg.inf,DM.AddReg
AddReg = usbboot.inf,usbservices

исто така и во [SourceDisksFiles]

[SourceDisksFiles]
usbboot.inf = 1,,,,,,_x,3,,3
bootvid.dll = 1,,,,,,3_,2,0,0,,1,2
kdcom.dll = 1,,,,,,3_,2,0,0,,1,2

Конечно може да го зачувате TXTSETUP.SIF и да го затворите. Завршивме со него.

6-B) DOSNET.INF

Сега, отворете го DOSNET.INF, и променете го вториот дел на [Files] делот да изгледа вака:

[Files]
d1,usbboot.inf
d1,_default.pif
d1,12520437.cpx
d1,12520850.cpx
.... (точкиве означуваат дека има повеќе фајлови кои не се прикажани овде, но само на почетокот треба да се вметнат првиот ред).

6-C) usb.inf

Променете ги задебелените лини во [StandardHub.AddService] и [CommonClassParent.AddService] делот:

[StandardHub.AddService]
DisplayName = %StandardHub.SvcDesc%
ServiceType = 1 ; SERVICE_KERNEL_DRIVER
StartType = 0 ; SERVICE_DEMAND_START
ErrorControl = 1 ; SERVICE_ERROR_NORMAL
ServiceBinary = %12%\usbhub.sys
LoadOrderGroup = Boot Bus Extender

[CommonClassParent.AddService]
DisplayName = %GenericParent.SvcDesc%
ServiceType = 1 ; SERVICE_KERNEL_DRIVER
StartType = 0 ; SERVICE_DEMAND_START
ErrorControl = 1 ; SERVICE_ERROR_NORMAL
ServiceBinary = %12%\usbccgp.sys
LoadOrderGroup = Boot Bus Extender

6-D) usbport.inf

Променете ги задебелените линии во [EHCI.AddService], [OHCI.AddService] , [UHCI.AddService] и [ROOTHUB.AddService] делови да изгледаат вака:

[EHCI.AddService]
DisplayName = %EHCIMP.SvcDesc%
ServiceType = 1 ; SERVICE_KERNEL_DRIVER
StartType = 0 ; SERVICE_DEMAND_START
ErrorControl = 1 ; SERVICE_ERROR_NORMAL
ServiceBinary = %12%\usbehci.sys
LoadOrderGroup = Boot Bus Extender

[OHCI.AddService]
DisplayName = %OHCIMP.SvcDesc%
ServiceType = 1 ; SERVICE_KERNEL_DRIVER
StartType = 0 ; SERVICE_DEMAND_START
ErrorControl = 1 ; SERVICE_ERROR_NORMAL
ServiceBinary = %12%\usbohci.sys
LoadOrderGroup = Boot Bus Extender

[UHCI.AddService]
DisplayName = %UHCIMP.SvcDesc%
ServiceType = 1 ; SERVICE_KERNEL_DRIVER
StartType = 0 ; SERVICE_DEMAND_START
ErrorControl = 1 ; SERVICE_ERROR_NORMAL
ServiceBinary = %12%\usbuhci.sys
LoadOrderGroup = Boot Bus Extender

[ROOTHUB.AddService]
DisplayName = %ROOTHUB.SvcDesc%
ServiceType = 1 ; SERVICE_KERNEL_DRIVER
StartType = 0 ; SERVICE_DEMAND_START
ErrorControl = 1 ; SERVICE_ERROR_NORMAL
ServiceBinary = %12%\usbhub.sys
LoadOrderGroup = Boot Bus Extender

6-E) usbstor.inf

Променете / Додадете ги задебелените линии во [USBSTOR.AddService] делот:

[USBSTOR.AddService]
DisplayName = %USBSTOR.SvcDesc%
ServiceType = 1
StartType = 0
Tag = 3

ErrorControl = 1
ServiceBinary = %12%\USBSTOR.SYS
LoadOrderGroup = Boot Bus Extender

6-F) Направете нов фајл наречен: USBBOOT.INF

Направете нов фајл наречен USBBOOT.INF во истата папка како претходните едитирани фајлови и вметнете ја следнава содржина во него:

[usbservices]

HKLM,"SYSTEM\CurrentControlSet\Services\USBSTOR"," DisplayName",0x00000000,"USB Mass Storage Driver"
HKLM,"SYSTEM\CurrentControlSet\Services\USBSTOR"," ErrorControl",0x00010001,1
HKLM,"SYSTEM\CurrentControlSet\Services\USBSTOR"," Group",0x00000000,"System Reserved"
HKLM,"SYSTEM\CurrentControlSet\Services\USBSTOR"," ImagePath",0x00020000,"system32\DRIVERS\USBSTOR.SY S"
HKLM,"SYSTEM\CurrentControlSet\Services\USBSTOR"," Start",0x00010001,0
HKLM,"SYSTEM\CurrentControlSet\Services\USBSTOR"," Type",0x00010001,1

HKLM,"SYSTEM\CurrentControlSet\Services\usbehci"," DisplayName",0x00000000,"USB 2.0 Enhanced Host Controller Miniport Driver"
HKLM,"SYSTEM\CurrentControlSet\Services\usbehci"," ErrorControl",0x00010001,1
HKLM,"SYSTEM\CurrentControlSet\Services\usbehci"," Group",0x00000000,"System Reserved"
HKLM,"SYSTEM\CurrentControlSet\Services\usbehci"," ImagePath",0x00020000,"system32\DRIVERS\usbehci.sy s"
HKLM,"SYSTEM\CurrentControlSet\Services\usbehci"," Start",0x00010001,0
HKLM,"SYSTEM\CurrentControlSet\Services\usbehci"," Type",0x00010001,1

HKLM,"SYSTEM\CurrentControlSet\Services\usbhub","D isplayName",0x00000000,"USB2 Enabled Hub"
HKLM,"SYSTEM\CurrentControlSet\Services\usbhub","E rrorControl",0x00010001,1
HKLM,"SYSTEM\CurrentControlSet\Services\usbhub","G roup",0x00000000,"System Reserved"
HKLM,"SYSTEM\CurrentControlSet\Services\usbhub","I magePath",0x00020000,"system32\DRIVERS\usbhub.sys"
HKLM,"SYSTEM\CurrentControlSet\Services\usbhub","S tart",0x00010001,0
HKLM,"SYSTEM\CurrentControlSet\Services\usbhub","T ype",0x00010001,1

HKLM,"SYSTEM\CurrentControlSet\Services\usbuhci"," DisplayName",0x00000000,"Microsoft USB Universal Host Controller Miniport Driver"
HKLM,"SYSTEM\CurrentControlSet\Services\usbuhci"," ErrorControl",0x00010001,1
HKLM,"SYSTEM\CurrentControlSet\Services\usbuhci"," Group",0x00000000,"System Reserved"
HKLM,"SYSTEM\CurrentControlSet\Services\usbuhci"," ImagePath",0x00020000,"system32\DRIVERS\usbuhci.sy s"
HKLM,"SYSTEM\CurrentControlSet\Services\usbuhci"," Start",0x00010001,0
HKLM,"SYSTEM\CurrentControlSet\Services\usbuhci"," Type",0x00010001,1

HKLM,"SYSTEM\CurrentControlSet\Services\usbohci"," DisplayName",0x00000000,"Microsoft USB Open Host Controller Miniport Driver"
HKLM,"SYSTEM\CurrentControlSet\Services\usbohci"," ErrorControl",0x00010001,1
HKLM,"SYSTEM\CurrentControlSet\Services\usbohci"," Group",0x00000000,"System Reserved"
HKLM,"SYSTEM\CurrentControlSet\Services\usbohci"," ImagePath",0x00020000,"system32\DRIVERS\usbohci.sy s"
HKLM,"SYSTEM\CurrentControlSet\Services\usbohci"," Start",0x00010001,0
HKLM,"SYSTEM\CurrentControlSet\Services\usbohci"," Type",0x00010001,1


7) Повторно креирање на .IN_ фајловите

Ако досега не ги избришавте .IN_ фајловите, направете го тоа сега. Треба нив да ги замениме со нашите фајлови. Отворете го cmd до локацијата во која се наоѓаат .ini фајловите и покренете ги следниве команди во DOS:

cabarc n USB.IN_ usb.inf
cabarc n USBPORT.IN_ usbport.inf
cabarc n USBSTOR.IN_ usbstor.inf


Trite .IN_ фајлови треба пак да постојат. Сега можете да ги избришите .ini фајловите и сите фајлови освен оние копираните од BIN фолдерот од Cab SDK ке ги вратите во I386 фолдерот од отпакуваните фајлови од Windows XP. Потоа ќе го покрените nLite и ќе ги следите чекорите на програмот и ќе ја означите само процедурата за правење на ISO Bootable Image со што на крај ќе направите .iso фајл кој ќе го изрежите на CD.

Честитки. Сите модификации се завршени.

8) Конечно чекорот за инсталација на Windows XP на USB флеш.

Единствено што ќе кажам овде е да ги исклучите сите внатрешни и надворешни тврди дискови за превентива од погрешно инсталирање на оперативниот систем на некој од тие драјвови. Но ова досега се нема случено никому, но знаме дека поговорката „Подобро да спречиш, одколку да лечиш“ е златно правило овде.

Поздрав и среќно модифицирање и инсталирање
:)
ESPRIMO Mobile v5505 | Intel Centrino Duo T5450 @ 1,66GHz Santa Rosa | Apacer 4GB DDR2-667MHz | Fujitsu 120GB SATA-150 5400rpm | Intel x3100 384M Memory | Intel PRO/Wireless 3945abg | Gigabit Ethernet | Toshiba Bluetooth v2.0 | Windows 7 x64
АМАН ЧИТАЈТЕ ПРАВИЛA

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Колку голема процедура!!! Ама вреди доколку се има спасителна WinXP инсталација на USB.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline nCounTr

  • Почивај во мир
  • Стручњак
  • *****
  • Posts: 231
  • Gender: Male
  • Дипл.Ел.Инж.
    • Македонски форум за електроника
Колку голема процедура!!! Ама вреди доколку се има спасителна WinXP инсталација на USB.

Да имам добар интернет ќе го кренам на интернет веке модифицираното iso.
ESPRIMO Mobile v5505 | Intel Centrino Duo T5450 @ 1,66GHz Santa Rosa | Apacer 4GB DDR2-667MHz | Fujitsu 120GB SATA-150 5400rpm | Intel x3100 384M Memory | Intel PRO/Wireless 3945abg | Gigabit Ethernet | Toshiba Bluetooth v2.0 | Windows 7 x64
АМАН ЧИТАЈТЕ ПРАВИЛA

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Така ке е најдобро бидејки процедурата е преголема
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.