Да ја констатирав фактичката ситуација, сметав дека можеби имаме сличен проблем со членот на форумот jocko кој и ја има отворено темата во врска со Panasonic TX21S4TP (шасија Z7), и можеби он веќе го надминал проблемот бидејќи од поодамна е дискутирано и може да се вклучи со соодветно мислење. Но секако и вашето мислење го ценам бидејќи забележав дека доста сте упатени во однос на овие постари марки на телевизори. Секако дека ја погледнав шемата, па некако моите првични сомнежи се насочени кон проблем со STR58041A односно IC 801, бидејќи телевизорот вклучува, работи нормално одредено време па потоа сам исклучува. Времето на нормална работа е различно при секое вклучување а се движи од 1 минута па се до неколку часа во една ситуација.