Тојота развива мотор со внатрешно согорување кој директно генерира струја, и кој би се употребувал во хибридните автомобили. Овој мотор, за разлика од класичните, наместо линеарното движење да го претвара во вртливо, па потоа да се погонува генератор, овдека самото линеарно движење на клипот е поврзано со магнет околу кој има намотки каде се генерира струја. Со ова се избегнуваат одредени делови како радилици, замаец, лагери, посебен генератор... и се намалува самиот габарит на моторите што е од големо значење кај хибридните возила, бидејќи се ослободува простор за повеќе акумулатори, а исто така и се намалува сложеноста на моторот што значи помалце дефекти.
http://www.greencarreports.com/news/1091794_toyota-describes-combustion-engine-that-generates-electricity-directly
Според моето скромно мислење, можам да кажам дека ова ќе е иднината на хибридните автомобили, кои во подалечна иднина би преоѓале во чисто електрични.