Значи потребни ми се некои ваши сугестии како да поврзам електромотор на велосипед.
Електромоторчето е за таа намена, го земав од „бувљакот“ за 500 денари, четкиците нешто зафркаваа, ама го направив и сега си работи супер. Еве слики од него:
Спецификациите на моторот се:
Моќност : 250 вати
2750 вртежи/мин
напојување: 24 волти
Значи проблемот е каде да го прикачам. Гледав по интернет, има повеќе варијанти. (на задно, на предно тркало, како и кај педаљите, со додатна редукција, без редукција...)
Јас размислував нешто, ама имам 2 проблеми при поставувањето на моторот.
Бројот на вртежи мора да се намали некако. Запчаничето на моторот е со 11 запци, ако го ставам на запчаник кој има 43 запци (како оној најголемиот кај педаљите) директно на задното тркало, тогаш добивам отприлика 1:4 редукција со што ако се пресмета според големината на тркалото се добива брзина од отприлика 86 км/час !!! со што практично не се искористува максимално вртежниот момент (?)
Друг проблем е, бидејќи ќе го користам комбинирано велосипедот, (значи и педаљите ќе бидат во функција) како да направам да не врти моторот кога ќе вртам со педаљи (нешто слично како што крцка задното тркало кога не вртиш)
Па ако има некој искуство со овие работи нека помага ....