Времето се поставува со помош на потенциометарот и кондензаторот, колку поголем кондензатор толку поголемо време, исто колку поголем потенциометар толку поголемо време.
со вртење на потенциометарот се поставува „пофино“ времето.
Го уклучувате на батерија, акумулатор или адаптер (или што и да имате веќе), напојувањето мора да е над 8,2V, ако е под ова ниво нема да активира релето, или набавете реле за 5V, па ќе може и на 5V да го работите.
Откако го уклучивте на батерија притиснете кратко на тастерот, со ова се полни кондензаторот, на ниво на напон на кој е приклучен, во зависност од положбата на потенциометарот кондензаторот почнува да се празни побрзо или поспоро, кога напонот на кондензаторот ќе падне под ниво од 0.7V BC547 транзисторот станува непроводен, а со ова базата од транзисторот BC557 се наоѓа на некое ниско ниво, поради тоа ниско ниво тој ќе се активира, со самото активирање котвата од релето повлекува и прави спој меѓу NO и C изводите, доколку има нешто поврзано на овие изводи релето ќе го активира.
Со промена на вредноста на C1 и Р1 се менува и времето, доколку поставите поголеми вредности поспоро ќе се празни, доколку поставите помали вредности побрзо ќе се празни, а со тоа и директно се диктира времето.
ако се извади потенциометарот и отпорникот кој иде прама маса со него, се промени вредноста на кондензаторот на 10µF, тогаш се добива време од ~20 секунди
Ако се изостави отпорникот на потенциометарот и тој се постави на маса директно, а неговата вредност се намали на 1М ом, а вредноста на кондензаторот се зголеми на 1000µF, кога потенциометарот е во крајна положба (најголем отпор) би се постигнало време од ~15 минути.
Доколку се остават потенциометарот и отпорникот како што се на шемата, но се зголеми вредноста на кондензаторот над 2000µF, би се добило време од неколку часа (1-2).
во ова зависи и времето колку ќе биде притиснат тастерот, доколку е подолго време кондензаторот ќе го исполне цел негов капацитет, ако е пократко само дел ќе биде исполнет и така...