Гигават, јас би исто како тебе, но наместо отпорници би ставил диоди 1N4007, или некои други до 5А, а на напојувањето од секој интрегралец и осигурач, и да откаже некој само ќе се намали струјата но ќе функционира.
Отпорниците се ставаат со цел да се „изедначи“ потенцијалната разлика која ќе се јави на излез од операциските засилувачи бидејќи не се идентични сите, има мали разлики кај секој од нив, дури и да се од иста серија и ист производител, па за иста вредност на напонот на неинвертирачкиот влез (или инвертирачкиот, зависи како е врзан операцискиот засилувач, во конкретниот случај, неинвертирачкиот), ќе се јават различни излезни напони. Поентата е отпорниците да направат определен пад на напон и да ги „изедначат“ излезните напони од сите операциски засилувачи. Ова нема да се постигне само со диоди. Секоја од диодите има фиксен пад на напон на нејзините краеви, без разлика на јачината на струјата која тече низ неа (добро, има зависност меѓу напонот на нејзините краеви и јачината на струјата низ неа, ама оваа зависност е далеку од линеарна, па практично, може да се смета дека вредноста на овој напон е константна), па поради тоа, не може да направи „изедначување“ на напоните на излезите од операциските засилувачи само со поставување на диоди на излезите.
Сепак, поставување на диоди во серија со отпорниците е добра идеја
. Во случаи кога напојувањето не е оптоварено, нема да се јавува непотребно греење на операциските засилувачи поради нееднаквост на излезните напони. Сепак, треба да се проба со различни типови на диоди бидејќи напонската разлика од излез до излез на секој од операциските засилувачи може и да не е баш многу голема, па во случај кога напојувањето е оптоварено, падот на напонот на една од диодите заедно со отпорникот врзан во серија на некој од излезите од операциските засилувачи, може да не е доволен за се активираат останатите диоди (да почнат да проведуваат), па само од еден операциски засилувач ќе се црпи целата струја, а другите операциски засилувачи ќе останат неоптоварени, со што нема да се искористи целосниот „потенцијал“ на напојувањето. Прво треба да се измери колкави се падовите на напоните на секој од отпорницте, па потоа дури, ако се гледа дека разликата е релативно голема (1V, 1.5V), да се примени и ваква мерка. Во случаи на помали падови на напони, можеби треба прво да се проба прво со моќни шотки диоди. Било какви од напојувања за PC ќе завршат работа.