Ова е димер кој што го најдов во гаража, имаше неколку расипани компоненти (всушност, сите освен потенциометарот) кои ги заменив со појаки и работи одлично
. Старата плочка ја исчистив и ја искористив пак.
Овој димер работи на принцип што со празнење на С1 се вклучува триакот во одреден момент, а во друг момент се исклучува, даваќи испрекината синусоида на излез. Триакот ја крати струјата во одреден момент, контролиран од брзината на полнење не кондензаторот, а пак брзината на полнење ја регулира потенциометарот.
Еве ја брановата форма што се добива со овој димер.
Еве некои слики од димерот
Овој димер има променлив излезен напон од 5VAC до 240VAC, максимална излезна јачина - 3,7 А, немојте повеќе, тоа веќе ќе ја надмине горната граница на триакот...