Неколкумина побараа да добијат поедноставна шема за степенишно светло со временска задршка,па еве една шема која не е многу тешка и скапа за градба.Обавезниот NE555 ,TIC 206d и нешто *ситно* .Напојувањето е директно од градска мрежа.Напомена : користете 40W обични сијалици или 9W од штедливите,така е некако најзгодно и ке немате проблеми.Немам монтажна шема,ама лесно е да се направи.Колегата од Ниш што ми ја прати шемата вели дека повеќе од 100 пати ја има направено и секогаш било успешно.Јас му верувам,бидејќи човекот е голем професионалец.