Author Topic: Проблем со скретница за звучници  (Read 4819 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Премотаниот драјвер ,вака преправен ,нема ни 50% од дотогашната јачина да ја даде.Сега со истата сила од појачувачот драјверот ќе троши повеќе ( има намотка со подебела жица!),ќе грее повеќе  и ќе гори побргу.Без да потроши пари Lux може само да ги запали кутиите. 8) Најефтина е поскапата варијанта ,да си набави нови 8 омски драјвери.Ова е веќе мнооогу пати видена ситуација. 8)

Offline Lux

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 338
Одг: Проблем со скретница за звучници
« Reply #16 on 27.11.2014, Thursday, 21:52:57 (Edited 27.11.2014, Thursday, 22:13:41) »
-батка и ти си во право не помислив дека со подебела жица ќе загрева високотонецот,инаку скретницата и пред тоа грееше,сега дава многу по чист звук со 2,2мФ и L пад за атенуација,и ламба од 24в/21 ват.

-Е сега да ги премотам високотонциве бидеќи доста успешно ми оди од рака,и ги знам димензиите и оддалеченоста на калемот и т.н.,дали да бидат 6,8 ома мерени со унимер или 8 ома мерени со унимер,и наравно ќе го преправам и L падот за атенуација,бидеќи ме фати страв да не прегреат насреде свирка.
Боже чувајме од пријатели,од непријатели сам ќе се чувам.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Ретко кој примерок има точно 8 ома! Дури и професионални модели имаат секогаш помал отпор од запишаниот.Тие 6,8 оми ,ако ги постигнеш со иста жица,сепак се подобро решение од оние 4,2 оми.Стави ламба и 2,2 мФ и не ти треба никаква атенуација! Не форсирај многу со јачината на појачувачот,а еквилајзерот симни го малку кај средните( не ги носи во +).Толку,ако мислиш со тие високи да останеш.Собери си парички и купи си подобри.Мој совет.За такви мали кутии од типот на КОДА,Биема со 10 инчен бас,па Беринџери итд.секогаш препорачувам замена на високотонците.Уште дури се нови,слободно менувај со нови и подобри.Особено добро е да се знае што фабриките за да извадат повеќе средни тонови ( за вокал)  ги префрлаат токму на хорните ,а со тоа форсирање тие и страдаат.Ова е стара и веќе позната пракса.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Lux, доколку можеш најубаво решение е да го премоташ како што треба. Потоа веке знаеш како оди работата со свртницата. :)

Offline Lux

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 338
Фала на слидерМК,и Батка,-за на свирка користам RCF 15-ки, паралелно врзани со овие омнитроник, кои досега даваја феноменален звук.

-со ваква подебела жица не можам да ставам повеќе да дојде докај 6,8 ома,зошто се зголемува ширината на калемот, и веќе влегува во подрачје на средни тонови,односно заминува од 2,8мм ширина,мерена спрема фабричката.

-ќе го намотам 8 ома мерено со иструмент,жица иста дебелина како оргиналната (имам таква) ,и мислам дека ќе биде во ред,L-пад Батка ќе ставам,и поддесам спрема оваа омажа,бидеќи никогаш не се знае кој ќе чепне во миксерот,после L-падот задолжително ќе ставам ламба,ќе пробам и со 12/20 вати,и со 24/21 вати,која како ќе се однесува и спрема снагата и таја ќе ја оставам, и мислам дека овае е крајното решение.

-уште еднаш фала за советите.
Боже чувајме од пријатели,од непријатели сам ќе се чувам.