Ќе почнам од почеток.
Ако е некое Кинеско ѓубре, можно е греачите навистина да се врзани сериски. Они штедат на се. Место да прават или купуваат два различни греачи за 230V и 110V, они ќе купат само едни за 110V. Кај оние тостери кои се наменети за извоз во држави со мрежен напон од 230V, греачите ќе ги врзат сериски, а кај оние држави каде што мрежниот напон е 110V, ќе ги врзат паралелно. Една или две жички плус чинат далеку помалку од две различни нарачки на два различни типови на греачи. Сите знаеме дека цената паѓа со квантитетот на нарачката, па сигурно поевтино ќе се фати и да нарачаш (на пример) 2.000.000 греачи со работен напон од 110V отколку две засебни нарачки од по 1.000.000 греачи за 110V и 1.000.000 греачи за 230V.
А и да не паѓа цената, кај Кинезиве се е можно. Можно е да им останале фазла само 110V-ни греачи и такви да монтирале... кој ги знае.
Ако е некој brand name тостер (Iskra од постарите, Philips...), најверојатно се врзани паралелно греачите. И поновиве brand name уреди се прават во Кина, веќе се се прави во Кина, ама барем за вакви работи, пазат
.
Проверка со мерење на отпор е out of the question ако станува збор за Кинески тостер. Имам видено исти форми на два греачи, и двата исправни, едниот покажува една, другиот друга отпорност, значително поголема. На крајот, работата излезе дека едниот е правен со тенка спирално мотана кантал жица, а другиот е баш со стандардно грејно тело (дебела средна шипка, не знам како се вика материјалот, но знам дека е дебела шипка). Така да, ова не е релевантен начин за да дознаеш дали греачите се наменети да работат на 110V или 230V.
Е сега, една од можните проверки е со сериски врзана сијалица, ама оваа проверка не е баш сигурна бидејќи, практично гледано, и двете се грејни тела :S.
Хммм... сега ми дојде една идеја. Можно е да функционира, можно е и да прегориш осигурувач, не знам
, не сум пробал
.
Значи вака. Ќе земеш еден вентилатор, од оние големине, домашнине, само гледај да е некој кој дува прилично јако, да се лелеави долга коса кога ќе застанеш пред него
. Ќе го прицврстиш гречот во непосредна близина на вентилаторот... колку блиску... не можам да ти објаснам
, не премногу блиску, пластични перки имаат тие вентилатори, можно е да ги стопи
... користи малку проста логика
. Како и да е, откако ќе го прицврстиш, пушти го вентилаторот на максимум и остави го така да го лади греачот неколку минути. По неколку минути, пушти го греачот во струја. Е сега, имаш неколку можни ситуации.
Ако веднаш избие осигурувач, греачот е најверојатно наменет за 110V. Ако за брзо време (по 30 секунди до минута) почне да жари (ама она баш да жари, да може да се гледа и при нормално осветлување, не само во темница) иако го лади вантилаторот, исто како во претходната ситуација, греачот е најверојатно наменет за 110V. Во било која од двете претходни ситуации, пробај врзи ги двата греачи во серија, и двата прицврсти ги во близина на вентилаторот и направи ја истата проверка. Ако греачите работат нормално, не жарат премногу, осигурувачите не избиваат, изгледа тоа е добитната комбинација
. Греачите сериски се врзуваат и се наменети за 110V
.
Ако греачот нормално си работи, не жари премногу, си грее нормално, најверојатно и двата греачи се наменети за работа на 230V. Тоа значи дека треба паралелно да ги врзеш. Како, тоа е веќе друга приказна
. Прво провери го ова
.