Author Topic: Од калота до фејз плуг  (Read 9466 times)

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Одг: Од калота до фејз плуг
« Reply #30 on 25.11.2013, Monday, 02:34:19 (Edited 26.11.2013, Tuesday, 03:09:33) »
Темава е постара ама пошто не сум често на форумов да дадам две три думи.

Прво. Експериментирањето е супер работа преку која може доста да се научи. Тука подршка од мене тотално.

Второ. Фејс плаг обишчно се користи за подобрување на фазниот и фреквентниот одзив во средните и средно високите тонови. Турбосоунд во некои од постарите модели дури и во некои бас бинови. Но тоа се обично разгласни кутии и употребата на чист фејс плуг на драјвери од типот на Фостекс мене не ми се идеално решение. Но не е погрешно.

Трето. Експериментов ти е на место но сето ова можеше на го прочитас во литература или на форуми без да упропастуваш драјвер.

Четврто. Звучник кој нема калота и користи фејс плуг како твојот обицно истиот е дирктно зашрафен на магнетот (не е залепен) и истиот е поврзан со мембраната со мал спидер и на тој начин се заменува функцијата на калотата (DUST CAP) да ја штити намотката од навлегување на прашина. Исто се заптива кутијата како што тоа го прави калотата. Во твојов случај такво нешто не постои и не би ти препорачал да го користиш драјверот во таква состојба. Прво поради прашината, второ што сега имас еден отворен пат на воздухот помеѓу внатрешниот волумен и надворесниот простор. При големи снаги притисокот кој ќе се јави овде кје ствара проток на воздух кој ќе “свири“ и ќе ствара дисторзии и дополнително ќе го ремети слободното движење на намотката. Еве една слика која илустрира као тоа се прави во професионалниот аудио свет.



Се разбира има повеќе видови на фејс плугови који имаат своја специфична функција.

Петто. Јас Арта користам исклучително ретко ( не се сеќавам дека су поставил некој графикон од Арта), Клио не користам воопшто. За дизајниранје на кутии користам Leap5. За брзи секојдневни меренја користам Smaart7, TrueRTA i REW.

Шесто. Најпрецизни мерења кога немаш глува соба се добиваат кога мериш надвор. Јас немам глува соба, но доволно сум на периферија да мозам во сред ноќ да излезам надвор да мерам без да вознемирувам никого. Со тек на години и стекнато искуство од мерења во дадена просторија ќе си ја научиш и просторијата како се однесува и кје знаеш да ги тумачиш графиконите иако се целите искршени. Овде многу помага да се мери со Sweep tone а не со розов шум.

И за крај. Се согласувам дека дури и со софтвер кој е фривер и екстерна звучна картица од пристоен квалитет можат да се добијат квалитетни мерни резултати. На крајот на краиштата сите разгласни системи се сетираат на лице место каде год да е концертот во далеку од идеални лабораториски услови.
Тоа што во целиот експеримент за мене е погрешно и фрла сенка на целиот труд е тоа што микрофонот е тотално погрешен за вршенје на акустички мерења. Ок тоа е можеби студијски микрофон и е квалитетен, но тоа не е мерен микрофон и резултатите се токму поради тоа тотално нерелевантни.
Калибрирањето кое го спомнувате ја калибрира звучната картичка. Не микрофонот.

Толку од мене овој пат. Поздрав и се надевам дека помогнав барем малку.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Од калота до фејз плуг
« Reply #31 on 25.11.2013, Monday, 11:27:09 »
"Второ. Фејс плаг обишчно се користи за подобрување на фазниот и фреквентниот одзив во средните и средно високите тонови."
 - Ова беше и заклучокот од овој експеримент кој го дадовме малку понапред во темава. Сепак не е лошо да се повтори заклучокот. Затоа искористив најевтини драјвери за овој експеримент, ако не го бива да го прежалам  ;D

Што се однесува до микрофонот, да, овој микрофон е направен за снимање на вокали во студио, а не за мерење звучници. За мерење на звучници има спецјално дизајнирани микрофони само за таа намена. Но јас го имам овој, а да се земе друг треба многу пари. Имам мерено со истиов микрофон неколку Визатон драјвери, и резултатот е ист како и фабричкиот графикон. Такада сметам дека мерењата се доста валидни иако не е направен за тоа микрофонов. Калибриран во смисла на еквализација на самиот микрофон според повекето мерења и самиот графикон зададен од фабриката на Se electronics.

Сите мерења се изведени со свип за да може да се представат нивоите на дисторзија на 2,3,4 хармоник. Како што кажа Марјан, најубаво би било да се мери на отворен простор, со легнат звучник на земјата, таканаречено мерење во полупростор. Немав доволно време и истиов експеримент го изведов во мала соба.

"Звучник кој нема калота и користи фејс плуг како твојот обицно истиот е дирктно зашрафен на магнетот (не е залепен) и истиот е поврзан со мембраната со мал спидер и на тој начин се заменува функцијата на калотата (DUST CAP) да ја штити намотката од навлегување на прашина. Исто се заптива кутијата како што тоа го прави калотата."
- Да да, ова е интересен дизајн, патентиран од Definitive Technology,
Code: [Select]
http://www.definitivetech.com/downloads/BDSS%20Anatomy.pdf

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Одг: Од калота до фејз плуг
« Reply #32 on 25.11.2013, Monday, 14:01:58 »
Еве една слика која илустрира као тоа се прави во професионалниот аудио свет.
Интересен „коцкаст“ фејс плуг,првпат гледам ваков. Што фирма е? Нешто пишува на хорната,али не се чита.

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Одг: Од калота до фејз плуг
« Reply #33 on 25.11.2013, Monday, 17:09:00 (Edited 25.11.2013, Monday, 17:25:23) »
Одговорив на прашањето која фирма е и одговорот го смема.

Code: [Select]
http://www.funktion-one.com

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Од калота до фејз плуг
« Reply #34 on 25.11.2013, Monday, 17:23:19 »
Па веројатно затоа што не ги читаш правилата на Форумов: секој даден линк треба да се кодира!

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Одг: Од калота до фејз плуг
« Reply #35 on 25.11.2013, Monday, 20:32:03 (Edited 26.11.2013, Tuesday, 03:09:53) »
Веројатно на прашањево не му е место тука но сепак..

Зошто мора секој линк да се кодира? За да не можеш директно на него да кликнеш па мора да правиш 3 дополнителни операции?
Веројатно има некое објаснување, но мене ми е тотално нелогично. Ниту пак како правило сум го сретнал на било кој друг форум.

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
Одг: Од калота до фејз плуг
« Reply #36 on 25.11.2013, Monday, 20:46:58 »
Од следнава причина. Кога post-ирате некој линк во вашиот post, скриптата автоматски го детектира и го претвора во hyperlink (линк на кој се клика). За да го направи тоа, скриптата всушност го пишува следното:

Code: [Select]
ova:

http://www.mojotsajt.com/

preminuva vo ova:

[url=http://www.mojotsajt.com/]http://www.mojotsajt.com/[/url]

Е сега, „финтата“ е што двете вредности (во "url=" и во самите tag-ови) не мора да се еднакви. На пример, овие два hyperlink-а се разликуваат едни од други, иако скриптата исто ќе ги прикаже:

Code: [Select]
ovoj hyperlink:

[url=http://www.mojotsajt.com/]http://www.mojotsajt.com/[/url]

se razlikuva od ovoj hyperlink:

[url=http://www.nekojsajt.com/]http://www.mojotsajt.com/[/url]

Што всушност ова значи. Значи дека можно е определена адреса да се вметне во "url=" полето (која е всушност онаа адреса кон која води hyperlink-от), а сосема трета да се прикаже во самата скрипта (која е всушност онаа адреса која стои измеѓу url tag-овите). Кратко кажано:

Code: [Select]
vie mislite deka klikate na

http://www.mojotsajt.com/

a vsushnost klikate na:

http://www.nekojsajt.com/

Тоа е целата „финта“. Ова правило го имаат многу форуми токму поради phishing scams, mallware, како и лесно препознавање на ботови (правилото стои на форумот, членовите го почитуваат, така да, во принцип, лесно се препознаваат ботовите и phishing scam-овите поради тоа што они токму оваа „финта“ ја користат). Со кодирање, линковите се транспарентни, скриптата не ги конвертира автоматски во hyperlinks. Да, ова може да се изведе и на друг начин, со менување на "http" во "hxxp" или со додавање на ѕвездички, односно менување на "http" во "h**p", со што скриптата автоматски не го препознава линкот, но сметам дека е попрактично линкот едоставно да се стави во code tag-ови. Зошто? Имате само две операции кои треба да ги направите ако линкот е поставен во code tag: copy и paste. Ако имате линк кој не е ставен во code tag и има заменето букви од линкот (како во горните два примери) имате три операции: copy, paste и менување на знаците "xx" или "**" во "tt". Повеќе потези има, поедноставно е само да се кодираат линковите ;).

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Одг: Од калота до фејз плуг
« Reply #37 on 25.11.2013, Monday, 21:21:34 »
Го користам овој метод...

Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Одг: Од калота до фејз плуг
« Reply #38 on 25.11.2013, Monday, 22:00:56 »
Е фала ти многу, ми ја откри Америка. Тоа се 3 операции наместо една ако линкот и понатаму беше линк.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Од калота до фејз плуг
« Reply #39 on 26.11.2013, Tuesday, 03:10:59 (Edited 26.11.2013, Tuesday, 03:19:25) »
ShAdOw има објаснето зошто се кодираат линковите некој post погоре.

Веројатно има некое објаснување, но мене ми е тотално нелогично. Ниту пак како правило сум го сретнал на било кој друг форум.

Го имаат многу странски форуми, не сме единствени.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."