Ти ги цитирав еднаш правилата за post-ирање на слики на форумов и пак си тераш по свое. Втор пат ќе ги цитирам, сега гледај да ги прочиташ
.
2.12. Забрането е прикачување (upload-ирање) на слики со привремен каратер на форумот, без разлика на нивната големина. Во оваа група спаѓаат сликите кои се наменети за теми во секцијата „Огласи и понуди“, слики чија цел е забава на членовите на форумот и слики од комерцијални електрични уреди кои сакате да ги поправите или презентирате на форумот. Во оваа група не спаѓаат шеми, слики од некои навистина ретки компоненти или електронски уреди. (Правилото се исклучува доколку администрацијата на форумот процени дека треба да биде исклучено во конкретната ситуација.)
Преправи си ги post-овите како што претходно опишав.
Upload-ирај ги сликите на екстерен host но не ги вади од attachments, тоа е наша работа. Ако ги извадиш од attachment, се губи врската меѓу името на сликата и кодираното име кое скриптата и го дава на сликата и потоа не може да се лоцира сликата на серверот и не можеме да ја избришеме. Стои, ама никој не знае под кое име стои. Значи, кратко и јасно, upload-ирај ги сликите на екстерен host и не ги вади од attachment на post-от. И не се чуди ако ги upload-ираш на imageshack или на некој друг host кој не е photobucket или tinypic, а си го видиш edit-иран post-от со други линкови до сликите на photobucket.
Сликај го овој дел од DVD плеерот.
Ако има она што мислам дека го има, а не можеш на DVD плеерот рачно да бираш Source, DVD плеерпт под мишка, на пазар и барај си ново далечинско. За овие Кинескиве треба да имаат. На лице место приклучи го и провери кое работи, скоро сите пазарџии ќе ти ја направат оваа услуга. Повеќе од 100 денари нема да те чини.