Епа се кандсиав
, го купув Fluke 97/AUTO Scopemeter, човекот го даде за 350 евра
. Згора на тоа, уз муабет со човекот добив и понуда за работа, хахахаха
.
Навистина ми е криво што не можам да постирам слики од него, немам фотоапарат ниту мобилен со фотоапарат, да позајмам можам, ама сега комшијата од кој нормално позајмувам не е тука, на некоја уметничка колонија отишол, ама наредна работа што планирам да ја купувам е тоа, така да, одма штом земам ќе го сликам и ќе ви го покажам
.
Инаку, осилоскопот е навистина „цуце“, хахахахах
, малечок и компактен, со големина нешто поголема од голем мултиметар и малку потежок од еден таков. Не е само осцилоскоп, навистина има 300 тракатанци (сеуште учам да го работам, врска неам, на аналоген одма ќе се снајдам, ама на ова чудо малку потешко, хахахаха
), мада очекував поголем refrеsh rate на осцилограмите да има, ама нема везе, доволен и овој, има дигитален волтметар за наизменичен и еднонасочен напон кој може да мери максимална, ефективна, dB, dBm, dBW и уште некои други опции што не ни знам што се. Може да мери исправност на диоди и отпорници, и временски ја покажува девијацијата од мерената вредност (како график, однсоно осцилограм
), може да пишувате и математички формули и да ја множи таа вредност со некоја формула, па да го даде графикот како осцилограм, на пример, да ја пресметате средната квадратна девијација на некој напон, или само девијацијата од некоја претходно зададена вредност, итн.
Може да се користи и на терен, но за жал батеријата му „рокнала“, така да сега може да работи само на адаптер, ама нема везе, и онака не планирав да го изнесувам многу често од дома, а башка што такви NiCd батерии можеш сам да си направиш од неколку батерии споени заедно купени од било каде, е сега најверојатно нема да имаат толкав duty cycle како оригиналот, ама нема везе, сигурно ќе издржи барем едно 2, 3 часа работа на неа
. Исто така, упатствто што стигна заедно со него е на Германски, ама нема везе, ќе си симнам од net на Англиски упатство. Стигна заедно со куфер, 6 различни типови на сонди кои доаѓаат заедно со него и уште 2 или 3 сонди (и уште некои други корисни тракатанци) кои ги користел претходниот сопственик за различни намени. Имаше и секакви типови на конверторчиња (конектори) за секакви типови на мерења, на пример имаше конектор кој директно може да се приклучи на излез (или влез) од миксета (оние конекторите што се користат за микрофони со фантомско напојување, оние со 3 пинови што се, не знам точно како им е кодното име). Има и поланч за во кола
. Единствена работа што не беше во кутијата, а би требало да стигне заедно со неа беа големите високонапонски клешти (сонди), ама нема везе, и онака најверојатно нема да ги користам, а и да ми притребаат можам сам да си направам
.
Осцилограмите имаат релативно солидна резолуција на прикажаниот сигнал, очекував малку поголема да биде, но и оваа е задоволителна. Има вграден генератор на синусоидален и правоаголен напон што може да генерира сигнали до 20MHz (барем колку што успеав да сватам малку нешто од упатството на Германски). Кога ги врши мерењата на осцилограмите, автоматски мери фреквенција со точност до втора децимала (!!!), максимална и минимална вредност на сигналот (повторно, со точност до втора децимала) и уште некои други параметри кои сеуште не знам што се, хахахахах
. Има опции за hold (freeze), меморија и (како што кажа Goce) може да се врзе со компјутер, но колку што забележав, само преку оптика. Колку што видов, заедно со него не дојде таков кабел (а не видов во упатството дали со негоа заедно стигнува и тој кабел), така да изгледа ќе треба да се снаоѓам, зашто изгледа не е стандарден приклучокот. Башка, не ни знам како ги разменува податоците со PC-то, дали преку SPDIF или преку некој друг оптички приклучок, стварно не знам: Ама, ко што рекле старите „отом потом“, прво да научам да ракувам со него, па после се останато
.
Како и да е, веднаш штом земам фото апарат, веднаш ќе го сликам
, мора да го видите, како што (малку премногу) описно се изразив претходно, ептен е „цуце“, хахахахаха
.