Author Topic: Тајмер 0-100 секунди со PIC12F675  (Read 2216 times)

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Тајмер 0-100 секунди со PIC12F675
« Opened on 23.10.2013, Wednesday, 20:13:46 »
Ова е едноставен тајмер со PIC12F675. Предвиден е за кратки временски интервали, максимум до 100 секунди.
Нема никаков дисплеј за прикажување на времето. Се подесува така што се кликнува на тастерот SEC+,
онолку пати колку секунди сакаме да биде активен релејот. Со кликнување на копчето Start, започнува одбројувањето.
Диодата LED1, трепнува на секое притискање на тастерот SEC+, а исто така трепнува и на секоја измината секунда, кога тајмерот одбројува.
Во прилог е кодот за PIC, напишан во компајлерот mikroBasic v7.0.2, и проектот во Proteus-Isis v7.7 SP2.


Жан

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Тајмер 0-100 секунди со PIC12F675
« Reply #1 on 23.10.2013, Wednesday, 22:43:42 »
Ова е добро само за учење,а во пракса може да се направи многу поевтина и посигурна (проверено) варијанта на тајмери.Во ерава на ПС може да се направи  програмски,дури и мрежно да се поврзе компјутерот сонекој уред да го вклучува или исклучува за одредено време ( 24 часа).

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Тајмер 0-100 секунди со PIC12F675
« Reply #2 on 23.10.2013, Wednesday, 22:55:47 »
Може наместо до 100 секунди, да направиш до 100 минути да одбројува. Мислам дека така би било подобро. Во секој случај браво за изработката и презентацијата на твојот труд.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Тајмер 0-100 секунди со PIC12F675
« Reply #3 on 23.10.2013, Wednesday, 23:29:35 (Edited 23.10.2013, Wednesday, 23:31:25) »
Јас сметам дека е одличен трудот ;). Може да се изведе и скоро аналогно, ама ако е потребно навистина прецизно приклучување по, на пример, точно 34 секунди, изработка со микроконтролер е дефинитивно поточна ;). Освен тоа, остава и простор за подесување без додавање на нови екстерни компоненти ;). Се разбира дека може и со PC се ова да се изведе, ама има места на кои не може (или не смее) да се држи цело време вклучено PC или лаптоп. Освен тоа, многу повеќе струја трошат тие уреди ;). Дизајнот е едноставен и практичен, овозможува лесна монтажа и релативно добра индикација ;).

Не го разгледав кодот, затоа ќе прашам ;D. Дали има имплементирано функција да може и по определено време откако ќе се изгаси уредот, пак да се пали. На пример, се држи вклучен уредот 50 секунди, потоа има 20 секунди пауза и пак се пушта да работи 50 секунди и овој цилкус репетитивно се повторува.

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Одг: Тајмер 0-100 секунди со PIC12F675
« Reply #4 on 23.10.2013, Wednesday, 23:38:57 »
Дали има имплементирано функција да може и по определено време откако ќе се изгаси уредот, пак да се пали. На пример, се држи вклучен уредот 50 секунди, потоа има 20 секунди пауза и пак се пушта да работи 50 секунди и овој цилкус репетитивно се повторува.

Нема никакви дополнителни опции, го направив наједноставно, како пример за учење, а истовремено може да биде и корисен уред. Даден е и кодот, па секој може да го измени и да си направи тоа што сака  ;)
Жан

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Тајмер 0-100 секунди со PIC12F675
« Reply #5 on 23.10.2013, Wednesday, 23:41:00 »
Аха, ОК ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Одг: Тајмер 0-100 секунди со PIC12F675
« Reply #6 on 24.10.2013, Thursday, 00:04:08 »
...во пракса може да се направи многу поевтина и посигурна (проверено) варијанта на тајмери...

И со PIC може да се направи ефтина, сигурна и проверена варијанта  ;)
На ebay, PIC12F675 е 35 денари.
Жан

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Тајмер 0-100 секунди со PIC12F675
« Reply #7 on 24.10.2013, Thursday, 00:19:50 »
Ако може некој нека ги претвори секундите во минути
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Одг: Тајмер 0-100 секунди со PIC12F675
« Reply #8 on 24.10.2013, Thursday, 00:33:06 (Edited 24.10.2013, Thursday, 18:08:56) »
Може, ама тоа ќе биде утре попладне  :)

Споено мислење: 24.10.2013, Thursday, 18:08:52
Нова содржина за PIC12F675, тајмер до 100 минути.
Жан

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Тајмер 0-100 секунди со PIC12F675
« Reply #9 on 24.10.2013, Thursday, 23:05:31 »
Браво мајсторе! Прва прилика и го правам овој тајмер.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.