Не е исто брусалица, бормашина и апарат за заварување. Апаратите за заварување работата на принцип на краток спој на секундарот од трансформаторот, при што, во тој момент, трансформаторот од примарот повлекува голема јачина на струја. Колкава... тоа најмногу зависи од моќноста на трансформаторот и од некои други фактори (поискусните во ова поле нека кажат
).
Ако си сигурен дека нема да повлече повеќе од 3000W апаратот за заварување, поврзи го
. А можеш и да измериш колкава струја влече апаратот при краток спој (заварување). Ако не влече повеќе од декларираната на инверторот, не би требало да изгори инверторот. Можеби има и некоја заштита инверторот, па при overload се гаси, да не изгорат MOSFET-ите
.
Со 100% сигурност, не може никој да ти гарантира дека нема да изгори. Ако се направат мерењата кои ги пишав, може да се процени дали инверторот ќе ја издржи таа моќност или не
.
И не сватив, инверторот има моќност од 3000W или 2000W.