Колегата што бараше појачувач за бас гитара ,побара и кутија за 4 звучници ,за бас гитара.Еве еден фабрички дизајн,за 12-ки ( а во заградите димензии за 10 - инчни басови).Кутијата е бас рефлекс и без пресметување на никакви параметри ке свири одлично.Звучниците е пожелно да не се гумирани,или ако имаат сепак гумен амортизер да имаат мал од ( да бидат цврсти).ефикасност барем околу 90-92 дб и фреквенција од 40 Хз до 1800-1900 Хз.Се спојуваат два по два сериски,а потоа паралелно .Битно е сите да се исти ,со иста омажа. Не ја дампирајте премногу кутијата : поставете ЛИО стива на задната ,горната ,една бочна и на дното на кутијата .Другото е историја.