Author Topic: Димензии за мали бас рефлекс кутии  (Read 9115 times)

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Слајдер, кај има друже кроење на табла на цнц за 150 денари? Дај кажи одма да идам таму и да ја гасам мојава машина одма.
Си побркал некои работи изгледа.

Батка, видиш ја на пример тотално не се согласувам со тебе. Еве и зошто.

Прво, од шкарт драјвер суб вуфер не бива. оти нема да вади бас во каква сакаш кутија стави го.
Јас сум прилично уверен дека моето видување што е субвуфер и твоето се разликуваат но сепак, од шкарт драјвер суб не бива. Он ќе свири, ама дали ќе ги вади фреквенциите за да се класифицира како субвуфер е сосема друга работа.

Понатаму, свртница во бас кутија е тотална грешка. Солидна свртница која ќе го исече басот на 80-90 херци ќе те цини да ја направис колку да си купиш активна скретница. Ако зборуваме за бас над некои 600-700 вати тогас поготово пасивна свртница е тотално контра продуктивна работа.

Но сепак јас работите ги гледам како професионалец и за мене бас со свртница е тотално аматерска работа.

Еве земете направете математика колку ќе ве чини свртница од BW втор ред на 90 херци и кажете ми дали е тоа логично и исплатливо.

Незнам што подразбираш под активен бас. Веројатно мислиш на истото што и јас. Активна скретница и посебно појачало. Тоа е вистинскиот начин.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Димензии за мали бас рефлекс кутии
« Reply #61 on 27.11.2013, Wednesday, 22:52:51 (Edited 27.11.2013, Wednesday, 22:54:27) »
Марјан,не е мое мислење дека од шкарт бас се прави добар сабвуфер! Мое мислење е дека шкарт си е шкарт-каде и да го ставиш.Само некој протури некаде по МК форуми и часопси дека оние кинескине басови се добри за вуфер! Покуша некој да си гипродаде веројатно на таков начин.Дури и во кутии од плексиглас  ги ставаа! ;D И свртница во ваков вуфер не е моја измислица - ете Маки може да ти посочи некој број на ЕМИТЕР  каде се наоѓаат неколку такви конструкции.И она што слидермк ја спомна - воќоше се ставаат две страници и горна плоча,се мести бас звучник и еве ти сабвуфер.
И за активен вуфер  е одомаќено и се подразбира- вуфер со електронска свртница и моќен појачувач.
И јас така пишувам за повеќето членови да  ме разберат.
А  СлаидерМК нека објасни за ЦНЦ машината - да не подразбираш  машина со  предрезаш која крои иверка!? Иначе за150 денара ЦНЦ не вреди ни да се вклучува,ане да ти крои кутија.

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Мене многу ме нервира генегализирањето на квалитетот на кинеските производи. Многу голем дел од ниве се чкарт само поради фактот што трговците бараат да е што поефтин производот. Има и таму и те како добри производи, ама и тие не се ефтини.
А околу тоа што се продава овде кај нас по продавнициве за техника за вградување несакам воопшто да коментирам.



Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Кроење на пола табла е 150 денари, а на цела 300 ;) А и кој како се снајде :)

Што се однесува до правење вуфер, без активна свртница не одиш нигде.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Димензии за мали бас рефлекс кутии
« Reply #64 on 27.11.2013, Wednesday, 23:06:08 (Edited 27.11.2013, Wednesday, 23:07:39) »
Има и таму и те како добри производи, ама и тие не се ефтини.

Тоа е апсолутна вистина. И тоа не само на пазарот на звучници туку и општо, техничкиот пазар. Земете ги за пример brand name PC-ињата, како оние на HP, Fujitsu, Dell, итн. Тие машини се најчесто неколку пати поскапи од custom склопени машини со истите перформанси... но, разликата е во квалитетот на деловите, напојувањето, начинот на кој е решено куќиштето, ладењето, кулерите и уште еден куп други работи ;). А сите се веќе произведени во Кина ;).

И јас често знам да пишам „абе Кинеско е тоа, батали го“, ама не мислам на вакви производи, мислам на no name брендови или брендови кои се популарни кај нас (Gembird, Quart, Neo, Magnum, Fuego и се останато). Голем дел од овие производи може да се најдат и online од некои сосема трети „производители“ (исто така, некои кои од никаде се појавуваат и згаснуваат по некое време).

Знам дека темава е за звучници, ама сакав само за ова да искоментирам ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Одг: Димензии за мали бас рефлекс кутии
« Reply #65 on 27.11.2013, Wednesday, 23:33:55 (Edited 28.11.2013, Thursday, 07:23:20) »
Таман си е коментарот. Апсолутно се однесува на се што доаѓа од таму. Они се спремни да ти направат што сакаш за цена која сакаш да ја платиш. Колку ќе платиш помалку току они поише ќе го исфушарат производот.

Слиде, ти или незнаеш што е ЦНЦ машина или си се збунил малку. Иверица се крои на циркулар, не на ЦНЦ машина.

Еве да видиш како ние “кроиме“ на ЦНЦ.

www.youtube.com/watch?v=5oEZogsDmZc


Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: Димензии за мали бас рефлекс кутии
« Reply #66 on 27.11.2013, Wednesday, 23:36:03 (Edited 27.11.2013, Wednesday, 23:38:02) »
Кроење на пола табла е 150 денари, а на цела 300 ;) А и кој како се снајде :)

Само за да биде јасно - бидејќи релативно често нарачувам иверица и познати ми се цените, тие што си ги пишал се точни, ама важат за (право) сечење на обична машина (циркулар со предрезач), а не на CNC.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Така е, ЦНЦ чини од 90-130 денари по должен метар рез. Ова парчево на сликата што е со отворите за рачки има скоро 7 метра рез во него. Значи околу 700 денари за тоа парце од 62х35цм. За челата кутија околу 38-39 евра излегува комплет.
Повеќе чини услугата за сечење од самиот материјал кој е шпер од руска бреза.

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Одг: Димензии за мали бас рефлекс кутии
« Reply #68 on 28.11.2013, Thursday, 16:54:54 (Edited 28.11.2013, Thursday, 17:49:09) »
И свртница во ваков вуфер не е моја измислица - ете Маки може да ти посочи некој број на ЕМИТЕР  каде се наоѓаат неколку такви конструкции.
batka и даље лаже без мерка, пасивна скретница нема у ниеден проект за субвуфер у Емитер!

У Емитер ги има овие 4 проекти за субови:
Code: [Select]
http://emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=2560
http://emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=2200
http://emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=2171
http://emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=1911
у ниеден проект нема пасивна скретница, сегде пишува мора посебно појачало.

Према тоа, batka, твоја измислица е дека у Емитер имало субови со такви скретници!
Стварно не знам што толку го мрзиш Емитер,па што измислуваш вакви лаги.

Споено мислење: 28.11.2013, Thursday, 17:49:09
некој протури некаде по МК форуми и часопси дека оние кинескине басови се добри за вуфер! Покуша некој да си гипродаде веројатно на таков начин.
МК часопис?!  ??? batka,толку го мрзиш МК часописот Емитер што ни името нејќеш да му го напишеш..

А за кинеските басови добро ти одговори Marjan Milosevic:
Мене многу ме нервира генегализирањето на квалитетот на кинеските производи.
Има и таму и те како добри производи

batka, ти самиот си призна дека си продавал кинески басови Симсоник.И друго, наводно си пишувал у Емитер. И сеа што треба ние да закључиме од тие две ствари? Вероватно ти си тој што покушал да продаде кинески басови на таков начин..  :D   :D
А што пишуваше ти у Емитер? За розеви зајаци или за Дедо Мраз?  :D   :D

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Еве ви еден пример на клубско системче комплетно направено од кинески компоненти и произведено во Кина. Клубчево е на Ибица  ;D

Code: [Select]
http://edenibiza.com/the-club/lights-sound/

Offline tomce

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 63
Извините што ке забегам во темата видов нешто интересно и морав да коментирам
видов дека имате збунка за CNC и обичен циркулар али марјан ви објасни

прашање до @Marjan Milosevic

ЦНЦ машиниве се ваши, така ?
Ке можеш да ми кажеш од кај ви се земени усисниве механизми(со гумите од страна)

Јас работам на неколку цнц машини, претежно обработуваме метал/плекси,....
али пред некое време имавме побарувачка за обработка на фурнир, се загушивме, и вакумот, шините едвај ги исчистивме,
за дрво оваа е мајка :)


Иначе незнам колку ви се исплати кутии да сечете на CNC повеќе за услуга ке дадете отколку за дрвото :)

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Одг: Димензии за мали бас рефлекс кутии
« Reply #71 on 29.11.2013, Friday, 00:22:32 (Edited 29.11.2013, Friday, 02:13:22) »
Томче, за жал сеуште плаќаме за цнц услуги, но во скоро време ќе се опремиме и со наша машина. Вакуумот е составен дел од машината. Кога произведуваш професионални кутии ти треба така и да се направени. Нема штедење во квалитетот. Се разбира производот не е ефтин.