Имам идеја ... заради лампиве/цените/трафата или не ... не знам можеби, никој нема да се нафати да го направи ова.
Патем, ЕЛ84 како единствена лампа (без драјвер) во некои грамофони ја имам сретнато ... ама заради нискиот влезен сигнал излезот бил мах 1Ват на 4 оми, а 2Волти рмс е повеќе од доволно за драјвање Ел34 така што ... треба да е добро, но ... небитно.
Да отвориме нова тема каде што сепак, излезни лампи би биле ЕЛ84 (имало на просториве еден тон радија, трансформатори и лампи од овој тип)... тука барем имам големо познавање и најбитно, искуство.
Претпоставувам слична е ситуацијава со останатите колеги?
Појачалото од претходните постови е сега преправено по нова шема, повторно е пуш-пул со комплетно(дијаметрално) различни работни точки.
Имам изработено и неколку сингле ендед појачалца со кои можам да се пофалам.
Од она што сум тестирал, соничноста на ел84 е класа над ел34 и кт88 кои освен снагата (нели и цената) ништо друго не нудат.
Е сега, ова е мое мислење и искуство ... затоа давам идеја.
Или пак, само јас сум пациент по лампиве?