Појачалото кога паднало било приклучено на мрежа(колку што разбрав)така да немора да значи дека е ладен лем во прашање.Можело да дојде до било каков спој на некој елемент.
Замени ги сите побудни транзистори(оние BCxxx од шемата околу интегралците) и измери ги потоа напоните.Нема да ги добиеш тие напони по шемата бидејки нема да ти бидат наместени STK интегралците.Релејот треба да се вклучи.Откако тоа ке го завршиш намести ги интегралците.
Доколку имаш искуство тогаш мери ги побудните,немора сите да ги замениш.Обично на помало подрачје,пример х1 ке ти покажуваат дека се во ред,но кога инструментот ке го ставиш на поголемо подрачје,пример х10 ке ти покаже дека пропуштаат.Затоа најдобро е да ги замениш,барем јас така правам.