Инфицирана ти е машината. Ќе си ја форматираш и тоа е тоа :S.
По форматирање, изгаси Autorun на се (Removable Devices и Optical Devices), најчесто на тој начин се инфицираат USB Flash мемориите. И нема со дупли клик да ја отвораша USB Flash меморијата (било која, не само твојата), туку со десен клик --> Explore и така нема да се инфицира пак машината. Исто така, постави да можеш да гледаш File Extensions, Hidden Files and Folders, како и Protected Operating System Files. Ако видиш Hidden Files на било која USB Flash меморија, прво провери кои од тие фајлови се фолдери. Hidden фолдерите не ги бриши. Ако видиш икона за фолдер со екстенизија, и тоа не го бриши. Ако видиш Autorun.inf фајл, бриши но само ако има икона различна од фолдер. Ако има икона на фолдер, не го бриши. Најверојатно во него се фајловите од USB Flash меморијата.
Овој тип на malware често знае да ги копира сите фајлови од USB Flash меморијата во еден фолдер и да го постави како Hidden, па ако избришеш се од Flash меморијата (или ако ја форматираш), ќе ги избришеш и фајловите.
Ако не се снајдеш со советиве, најпаметно ти е вака да постапиш: ако видиш Hidden files и folders на flash меморијата, едноставно не кликај на ништо и врати ја на кој и да ти ја дал со образложение дека му е инфицирана. Ако е твоја, форматирај ја и потоа провери дали по вадење и повторно приклучување на USB, на меморијата се ископирале некои фајлови кои се поставени како hidden. Ако се ископирани, машината ти е инфицирана, ако е празна, честито, си го решил проблемот
.