барам мислење од вас дали да ги заменам со овие новиве што се гасат сами од поголема потрошнина од дозволената односно дали би било побезбедно со овие.
колега јас и тебе како и на сите други со кои сум разговарал на оваа тема дали е препорачливо или не да заменат старите топливи со нови автоматски осигурачи ќе ти го кажам следново: ако немаш видливи проблеми или не вршиш некое поголемо реновирање дома и електричната инсталација ти е во добра кондиција тогаш
немаш никаква потреба да ги менуваш, а плус и старите ако ги оптовариш повеќе а не си правел непрописно крпење на истите ќе исклучат
Јас иако сум професионален електричар и сум поставувал на многу места автоматски осигурачи кај мене дома ми се од стариот тип со топлив патрон и така ќе ми остане се додека не ми се јави потреба (бидејќи во 25 год. живеење и користење на истите осичурач имам сменето само еднаш и тоа по мое невнимание направив куса врска
), се друго е помодарство и залудно фрлени пари кои не се ни малку евтина инвестиција затоа што еден подобар осигурач ти е околу 3 Евра плус за работна рака во зависност каде живееш колку се цени трудот. Но сепак се е твоја одлука!