Веќе 4 саати барам очите ми истекоја еве најдов една шема за сараунд многу едноставна само незнам колку е ефикасна и не можам да најдам колку вати е интегралчето е NJW1186.. А ако е толку тешко полесно ке биде 2.1? ама басот да биде нешто појак 25-50 вати само тие двата што ги имам.. Поздрав!
Ова коло врши дигитална обработка на сигналот (значи, го зема аналогниот сигнал, го конвертира во дигитален и го обработува, па пак го конвертира во аналоген), а ретко се случува во вакви интегрирани кола да ставаат некои навистина квалитетни и добри A/D и D/A конвертори. Во принцип, прави дупла работа за џабе (го упропастува сигналот). Да, на крајот ќе имаш „некаков“ 5.1 сигнал, ама како ќе звучи... тоа е дискутабилно. А и не верувам дека може колово да се најде кај нас.
Моја лична препорака: ако сигналот (сам по себе) не е 5.1, откажи се од идејата за 5.1 засилувач... или, евентуално, ако преку PC можеш да пратиш 5.1 сигнал (обработката е дигитална, но не оди конверзијата „аналоген сигнал --> дигитална конверзија и обработка --> аналоген сигнал“, туку оди „дигитален сигнал --> дигитална обработка од 2.0 на 5.1 --> аналоген сигнал“), тогаш нема да има голема загуба во квалитетот на сигналот
. За оваа намена, има еден куп DSP Plugins за Winamp и други плеери, тоа не е проблем
. Ем ќе заштедиш на пари, ем конверзијата на сигналот ќе биде подобра
. Е во овој случај, да, би се исплатела изработка на 5.1 засилувач. Во секоја друга ситуација, можеш да поминеш и со 2.1 (во принцип, на еден од излезите секогаш ќе можеш да врзеш по два звучника во паралела, со што би добил некоја 4.1 комбинација, што и не е баш така лошо
). Од стерео излезен сигнал (2.0), лесно се прави посебен сигнал за subwoofer и два за сателитите
.