Дали исти сонди за осцилоскоп ке одговараат на трите осцилоскопи, или треба за сите различни/ посебни
Во принцип, скоро сите осцилоскопски сонди го користат BNC конекторот, но не сите осцилоскопи имаат иста внатрешна отпорност (се водат по стандард, но немаат сите иста). На сондите обично е назначено за колкава внатрешна отпорност на осцилоскопот се наменети
. На пример пишува "10Mohm/11pF". Значи, наменети се за користење со осцилоскоп со внатрешна отпорност од 10Mohm-и, а имаат паразитна капацитивност од 11pF
. Се разбира, ова влијае и врз максималната горна граничка фреквенција која ќе може да се прикаже со оваа сонда, но ако ти треба за аматерски или полупрофесинални мерења, вредностите кои може да ги има оваа паразитна капацитивност на сондата може да варираат во прилично големи граници
(кратко кажано, не мора да трошиш многу пари за да купиш некоја „ултра квалитетна“ сонда
).
Овој Тектроникс 464 би требало да е најдобар според мене и цената од 150 ЕУ е реална.Но,пробај и види на лице место.Многу е битно дали е отворан ,поправан,дали е во ред цевката ( да не е бледа сликата,да има контраст..итн.!.)
Се сложувам, и јас би го земал Tektronix 464, но, како што пиша batka, пробај на лице место. Ако нешто не штима (зезаат потенциометри и преклопници, не е наштелуван осцилоскопот, не можеш да добиеш стабилен осцилограм), не го земај. Во тој случај, мој следен избор би бил Philips PM 3263 (X). И за него важи истото како и за Tektronix 464
.
Останатите два... добри се, но подобро е ако можеш некој од претходниве два да купиш (Tektronix 464 е на прво место, се разбира
).
Во секој случај, на било кој од овие стари осцилоскопи ќе мораш да им ги менуваш електролитите (ако веќе не се сменети). Некои од нив имаат старост и по 30 години, а по толку години употреба (или злоупотреба
, зависи кој го користел
), редно е да се јави истрошеност на електролитите. Со ESR метар може да провериш кои се посуви а кои се посвежи (најверојатно повеќето ќе бидат суви, така да, не е лошо да ги смениш сите).
Еве слики од двата осцликопи кои ми беа прв избор
. Искрен да бидам, Philips PM 3263 (X) некако поедноставен ми изгледа за работа и има некои додатни фукции (колку што гледам горе има дисплеи, најверојатно за приказ на фреквенцијата, а ова го нема Tektronix 464), но некако предност давам повторно на Tektronix 464, пред се бидејќи немам чуено лош збор за Tektronix осцилоскопите
.