Author Topic: Стабилизиран извор за напојување од 0-30V/0-3A  (Read 6708 times)

Offline JovanOH

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 203
  • Gender: Male
Ставивме BD137 добро работи го оптоваривме со потрошувач кој влечеше стуја од 500mA и напон од 20V и транзисторот не загреваше воопшто  ;D фала ви за помошта  ;D

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
на форумот таму викаат дека овие операциони не се наменети за овај напон, и дека мора да се набават нови интегралци :D

Работен напон на овие интегралци е +-18V или +36Vdc еднострано напајање. Трафото има 24Vac и после грецот дава мање од 33Vdc, па нема везе тоа дека операционите не се за тој напон.Него којзнае што шкарт интегралци се продаваат под тоа исто име..

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
кај мене после исправување даваше точно 35V, затоа мораше да се модифицира, инаку си работи ок (најверојатно) за помал напон :D

а и тоа што викаш некој чудни никакви елементи што се
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Трафо при мало оптеретување дава нешто повисок напон од номиналниот,тоа е нормално,али и со 35V интегралците мора нормално да работат, тоа е мање од нивни работен напон од 36V.
Него најкриви се оние што продаваат шкарт интегралци, а знаат дека се фалсификат.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Трафо при мало оптеретување дава нешто повисок напон од номиналниот,тоа е нормално,али и со 35V интегралците мора нормално да работат, тоа е мање од нивни работен напон од 36V.

Паааа... баш дали нормално ќе работат... не сум баш сигурен :S. И оригинал да се, тој напон е прилично блиску до максималниот работен напон. Ќе греат повеќе и можно е да треба да им поставиш мали ладилни тела, дури и оригинал да се. А и треба да се надеваш дека случајно нема да дојде до peak-ување на мрежниот напон или нешто слично, па да не случајно порасне овој напон за половина или 1V ;D. Така да, јас барем, не би го работел ова коло со овие интегрирани кола.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline JovanOH

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 203
  • Gender: Male
Одг: Стабилизиран извор за напојување од 0-30V/0-3A
« Reply #20 on 18.02.2013, Monday, 20:20:25 (Edited 18.02.2013, Monday, 21:02:00) »
Колеги имам проблем со напојувањево. Кога ќе приклучам на излез реле  12VDC 260omi и кога колото е неотоварено го нагодувам на 12 волти но по прикучувањето на релето на излезот од колото напонот паѓа на 5V и нормално електромагнетот не ги рпивлекува контактите, е сега што е овде нелогично поставувам исто реле 12VDC но ова е со отпорност од 400оми и овде релето се вклучива исто напонот паѓа но на 8V. Исто поврзав и радио приемник за во автомобил тука напонот падна на 5V и во сите три случаи лед диодата што е за индикација за струјно ограничување свети само кога потенциометарот е во крајна лева положба но кога ќе ја зголемам струјата таа престанува да свети, но не ја имам измерено стујата. Напонот на трансформаторот си стои на 24VAC напонот на кондензаторот е на 35V тој напон паѓа само со 500mV. Сите три интегрални кола ги заменив, сите транзистори ги заменив но ефектот е ист. и ова да го напоменам значи кога колото е оптоварено и напонот е паднат во случајот на 5V на излезот од IC3 има напон од 29V, но кога ќе го исклучам товарот напонот стои како и зададениот излезен напон 12V.
Што може да биде проблемот? Devil дали и тебе ти се има јавено ваков проблем кај твојот табилизатор? :( Еве ја шемата:


Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
уствари ти ја менуваш сструјата, треба малку да ја зголемуваш во зависнос од потрошувачот, треба да видиш дали делот за струјно ограничување ти работи, провери ги потенциометрите
лед диодата свети затоа што се уклучува струјната заштита, зголеми ја струјата малку види дали ќе свети :D, и дали воопшто паѓа струјата, провери си убаво се
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline JovanOH

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 203
  • Gender: Male
Потенциометрите ги проверив и во ред се. Ја мерев струјата додела свети лед диодата струјата е 13mA потенциометарот за струјна регулација е на нула тогаш ја зголемувам струјата со потенциометарот и веднаш по престанокот на светење на лед диодата струјата скока на 29mA. Целата плоча ја прелемив отпорниците околу IC1 ги проверив во ред се. На местото од Т3 поставив и 2N3055 и 2N3773 повторно е истото  >:( >:( >:( >:(