Author Topic: Општо за микроконтролери и развојни околини  (Read 43665 times)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
епа штом успеа тоа да го испрограмираш ова не би трбало да ти претставува проблем, набави шифт регистри со леч, за да мултиплексираш, и така од само неколку пина од микроконтролерот ќе добиеш да можиш поголем број на лед диоди да контролираш

Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Погрешно се разбравме, јас саатот сам не го програмирав, го најдов готов и со мали измени во електрониката сменив неколку транзистори го направив поголем, сега сакам ова како плус додаток да му го направам, еве и код од каде го правам саатот со температура

Code: [Select]
http://www.hobbyelectronics.net/con_digital-thermometer.html

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
можеш да направиш бројач до 60, и да му ставиш диоди на излез, а ко ќе дојде до 60секунди да се ресетира, и онака ти покажува тебе кога ќе помини 1 минута, е сега ти треба да направиш да сатов на секоја секунда ти дава сигнал на некој пин, како тој сигнал би го искористил за да имаш такт за тие бројачите
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Да не го вртам муабетот околу на околу, ама мене не ме бива за микроконѕтолериве, ја најдов шемава на нет и ми изгледаше интересна и сакав да ја направам, јас ја направив со бројките и сето тоа си работи, сега сакам уште тоа да го среда со диодите, па дали има некој што би сакал да ми излезе во пресрет и да ми даде точна шема и што делови требаат за да го направам тоа и како да го поврзам со мојот саат.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Тоа што го бараш може да се направи со PIC ,а за  некоја аналогна верзија треба некој да седне и да развие комплетна шема.Не верувам дека некој бесплатно ке стори таков напор. 8)

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
знае ли некој дали има посебна функција во mikroC за од бајт да прочитам еден (било кој) бит???
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Може да прочиташ било кој бит од бајтот. После бајтот се става точка, а после точката, бројот на битот, од 0 до 7.
Code: [Select]
byte.bit

byte.0    // bit 0
byte.1    // bit 1
byte.2    // bit 2
byte.3
byte.4
byte.5
byte.6
byte.7    // bit 7
Жан

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
значи би било нешто како

Code: [Select]
int a;
bit b;
a=1;
b=a.0;
и би се добило b=1...или не сум сватил нешто како што треба???
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Одг: Општо за микроконтролери и развојни околини
« Reply #38 on 14.04.2015, Tuesday, 20:54:52 (Edited 14.04.2015, Tuesday, 22:18:02) »
Да, така е, само наместо int a; треба да биде byte a;
Овој начин на читање на бит од бајт функционира, но не сум сигурен дали може истата постапка да се користи за читање на бит од интегер.


ЕДИТ
Нема byte во mikroC, треба да биде char
Code: [Select]
char a;
bit b;

void main() {

    a = 1;
    b = a.F0;

    while (1) {

    }
}
Жан

Offline socaoh

  • Нов член
  • *
  • Posts: 14
Здраво.

Сакам да научам да програмирам микроконтролер
па би сакал да работам со најновиот MIKROC.

Ве молам ако сака некој да ми помогне да ми даде линк и крак за некоја
понова верзија од овај програм

Благодарам