Како што се наближува Нова Година се повеке се свруваме на светлосните уреди и ефекти со кој се украсуваат елки,реклами предмети.Во Велес моментално е распишана награда од 15.000 ден за најдобро уреден двор,излог,балкон.Велешани се припремаат за изборот и купуваат прават и декорираат.Еден пријател ми постави необично барање за украсување со 100 ЛЕД на едно дрвце,малку понастрана од неговиот двор-само проблем беше што таму нема извор на електрична енергија.Ке кажете- носи кабел до таму,ама проблем е што има прометен пат меѓу него и дрвцето.Затоа најдовме решение 50 црвени и 50 зелени ЛЕД да ги напојуваме со 6В акумулатор кој тој веке го поседува и може да го полни.Еве како изгледа шемата и освен NE 555 транзистор и едно 6В трафо нема поскапи делови.Двете ЛЕД низи се паралелно споени,а на секоја низа има сериски отпорник 100 оми 0,5 W.