Здраво,
Имам појачало Technics SА-EX100 кое што од X причина почна да појавува Overload грешка на екранот и престанува со функционалност. Гасењето односно грешката беше random, што значи некогаш се палеше после неколку часовно користење, но некогаш уште во самиот старт, па појачалото беше тотално бескорисно.
По малку гуглање пронајдов информација за проблем со конекторите за звучници.
Го растурив појачалото, ги извадив моменталните конектори што ги има, со мала импровизација на жици, поставив нови конектори.
Проблемот престана и појачалото си работи топ
Ова го пишувам за случајно ако некој друг се сретне со сличен проблем бидејќи конектори за звучници беа нешто последно во кое што ќе се сомневам. Не беа оштетени и не се во краток спој, ама ете ...