Беше поставено едно барање при што се бараше тајмер со можност за *држење* од 18 часа.Бидејки немав голем избор на делови ,барав нешто просто при што изборот падна на CDxxxx колата и тоа 4017 и 4020 ,како и неизнежното НЕ 555
Колото го направив во * воздух буквално и за чудо проработи и држи добро.Активирањето е специфично бидејки бара реле со повеке контакти .Ставив Искра PR16... преку кого се активира еден OMRON so 20А контакти.Важно е што со релативно малку и пред се евтини делови успеав да направам добра конструкција.Малку ке се помачите со подесувањето на пот.470 К .Ако најдете 500К со десет обртаи,слободно ставете го.Иначе,јас не ставив преклопник за 3 времиња,туку го направив склопот директно за положба 3.Оној 1,2 мФ блок гледајте да е што поквалитетен.Јас ставив Искрин блок и работи перфект.