Пинот 90 на шемата е означен како MF CONT,додека 91 е SEN1.
Не знам, кај мене на шемата се означени како Reset и Hold.
Како што можеш да видиш, имаш и Test Point за Hold пинот на процесорот (TP45), што укажува на тоа дека овој пин се сетира некаде и дека се користи таа точка при сервисирање за одредување на определени проблеми со ова радио
.
На овие два пина 90,91 од процесорот нема никаков напон односно 0 волти.Што понатаму???
Бидејќи се и двата 0V, ова ме наведува да мислам на напукната плочка (сум има неколку слични проблеми со микро-напукнувања, но доволно големи за прекинат многу ситни водови :S). Тие напони треба да бидат 5V, бидејќи пиновите се активни на ниско ниво (0V) и причината поради која не реагира радиото е токму оваа (процеосорт е цело време во Reset Mode и плус Hold Mode, така да, нема шанси некако да изреагира)
Околу напонот на Reset пинот, провери колкав е напонот на овој конектор на пинот 14.
Ако напоните се разликуваат, значи имаш некоја микро-пукнатина на плочката или евентуално некоја гребнатинка со шрафцигер или скалпел на површината на пплочката (од страната на водовите). Провери дали пинот 90 од процеосорт и пинот 14 од конекторот се поврзани (треба да бидат).
Околу пинот за Hold сигналот, ситуацијата е малку покомплцирана. Сигналот се зема од две различни точки. Едната е Vcc, другата оди накај 20 пинскиот конектор на кој се наоѓа и пинот за Reset сигналот.
И од сликата може да се види дека сигналот го зема од две места. Ако едното од нив е Vcc, можно е да го користи овој напон преку R251 како pull-up напон, а се сетира преку другиот вод (исто така означен на сликата). Провери дали обележаниот вод на сликата е врзан со Vcc (според шемата јас што ја имам, би требало да биде). Провери ги двете обележани компоненти, L242 и R251, да не случајно некоја од нив е во прекин. За R251 вредноста на шемата е обележана како 000, што ме наведува да мислам на неколку работи: поставен е како осигурувачки отпорник, воопшто не постои во реалната изведба или се користи како pull-up отпорник, но вредноста не му е 0 ohm-и.
Одиме понатаму, проверка од каде доаѓа сигналот за сетирање на Hold.
Пинот 6 од 20 пинскиот конектор се користи за Hold сигналот. Дури имаш и Test Point за Hold сигналот (TP41). Провери дали TP41 и TP45 имаат исти напонски нивоа, со што (барем до некаде) би ја елиминирале теоријата за микро-пукнатини на плочата (може да провериш и со beep-ер тест дали се врзани овие две Test Points, попросто е
). Провери колкав е напонот на пин 6 од 20 пинскиот конектор. Исто така, провери го и Jumper-от 101 (означен е на сликата како отпорник, така да, не знам што е).
Исто така, провери дали му доаѓа напон за напојување на процесорот? Бидејќи ако плочката има микро прекини, можно е да нема напон за напојување на процесорот, а можно е и на некоја и од другите компоненти исто така да не доаѓа, па затоа правилно да не се сетирани Hold и Reset (можно е воопшто да не се прекинати овие водови).
Ако не доаѓа напон до пинот 80, провери ги обележаните компоненти и водот за Vcc (барем би требало да биде Vcc, врз база на околните компоненти на пинот 80 од процесорот).