Веројатно, во негово време и претходно, прво се експериментирало, се пробувало све за да проработи - онака/онакво какво што се бара да работи. Имало многу неуспеси, но понекогаш имало и успех.
Е тек откако ќе проработело, се објаснувало како работи, се претпоставувале теориите, математичките претпоставени модели и т.н., односно теоретски се докажувало.
Сега, во денешно време е обратно, прво се замислува математички моделирано дали ќе работи, па потоа се експериментира реално/практично.
P.S.
Разликата меѓу Едисон, Тесла и сега:
Едисон за да ја "измисли" сјалицата со вжаерно влакно имал многу неуспешни обиди, но на крај и успеал.
Во тоа време така се иновирало.
Тесла, секогаш одел во лабораторија елегантно облечен (во одело), го давал нацртот на своите соработници, тие го изработувале, и тој секогаш исправно работел од прво.
Тоа покажува колку многу бил напреден/надарен.
Сега веројатно, се експериментира теоретски математички да "проработи", па откако ќе "проработи" теоретски се изработува реален прото тип.
Дали ова е правилно - незнам, времето ќе покажи, нашите внуци/правнуци ќе знаат.
Со еден мал нагласок на мое гледање на ситуацијата, дека во сегашно време, ние повеќе синтетизираме електронски склопови кои имаат сложена општа таква-и-таква намена составена од специјални елементи/компоненти/блокови/под-склопови кои во минатото се измислени/пронајдени, во однос на малкуто вистински пронајдоци како (во облик на) нешто ново во електрониката како нов специјален елемент/компонента/блок. За мене сионтетизирањето на ми е баш "иновација". Бидејќи синтетизирањето нуди повеќе (да не речам бесконечно) можни решенија како некој склоп ќе се изведе (синтеза од под-склопови) за да работи едно исто таква-и-таква работа.
Споено мислење: 31.10.2012, Wednesday, 16:20:30
"There is no such thing as a perfectly linear analog response." - Leslie Green, ACGI CEng MIEE