Јас мислам дека е или тоа што вика SaleSK, или лоши се контаките со LCD дисплејот. Некогаш (особено ако се користат оние евтини ribbon „кабли“ како што имаат калкулаторите за врзување на LCD дисплејот со плочката) знаат да се јават вакви проблеми, треперење на јачината на дисплејот или негово „задимување“ (нема добар контакт, паѓа напонот и LCD кристалите не можат правилно да се поларизираат, а тоа ние го забележуваме како „задимен дисплеј“, односно дисплеј со намалена „јачина“). Ако се контактите како на сликата подолу (или нешто слично на тоа), му нема спас, нема начин повторно да се врзат за LCD дисплејот нови контакти бидејќи (колку што знам), овие контакти се графитни и не се лемат. Така да, можеш само да чекаш сосема да откажат :S. Можеш да пробаш со притискање на контактот за стаклото од LCD дисплејот, ама дали ќе успее... дискутабилно е, а дури и да успее, најверојатно ќе има краткотраен ефект (можеби неколку месеци, ако е статичен дисполејот и не се мрда, а бидејќи ќе биде поставен во кола, прашање е дали ќе трае и толку ова решение :S).
Ако е ситуацијата како што кажа SaleSK, лесно се поправа ова
. Дури можеш и со додатен отпорник да ставиш LED диодички место ламбички, за да не мора постојано да ги менуваш (еднаш на неколку години, сигурно ќе треба да ги менуваш ламбичките
).