Здраво,
Бидејќи во колата немам радио, сакам да ги искористам стандардните звучници што ги има по вратите. Идејата ми е да направам засилувач што ќе работи на напојувањето од акумулаторот и на влез ке има женски 3.5мм џек каде ќе можам да го поврзам смартфонот со двостран кабел со 3.5мм машки џек. Конектори веќе има во дупката кај што треба да стои радио, па претпоставувам дека може тие да се искористат за напојување на засилувачот и излез кон звучниците. Немам информација за карактеристиките на звучниците (стандардни се ваљда, обични).
Може некој да помогне?
Поздрав