Author Topic: Одржувач на ниво на течност  (Read 3532 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одржувач на ниво на течност
« Opened on 08.06.2012, Friday, 02:00:32 »
Добив интересна задача да направам автоматика за сад во кој мора да се одржува минимум и максимум на нивото на течноста.Бидејки нивоата мораа да бидат прецизно одбрани најголем проблем ми беше сондата.Сондата ја направив од два диска од хард ,поставени хоризонтално на пластична цевка која  е потопена во течноста бидејки резервоарот е пластичен,третиот диск беше поставен на дното на садот.Напојувањето мораше да биде 24V ,колку е и напонот на пумпата која ја надополнува течноста кога паѓа на минимум и исклучува ( за 2-3 минути) кога е достигнато горното ниво.Транзсисторите ги ставив да се 2N2222,ама може и други НПН со мин 30V работен напон. Ако некому му затреба  еве ја шемата.

Offline stefan1984

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 116
системот од казанче е доста ефикасен ?  колку е прецизен. Колку физички е голема целата направа ?

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Прецизен е колку што е дебел дискот! ;D Може доста прецизно да се наштелува нивото.Садот не е битно колку е голем,а сондата има два диска од ХДД ( металните кружни плочи и во средина пластична цевка која мине по средина на дисковите).дисковите може да се направи да клизаат по цевката и да се фиксираат каде сакате на цевката.Третата сонда која треба да е постојано потопена во течноста,се наоѓа на дното на садот поврзана за ист таков метален диск.

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
kolku jaka sema a tolku prosta....alal da mu e na toj sto ja pravel semava...i neli bi bilo podobro. da se stavi dioda vo paralela so motorot????
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Може,ама се работи за горова пумпа со мотор на 24 V кој веке си е блокиран ( има и електролит и диода) па ако користиш ваков склоп заедно со пумпа ке нема потреба од диода.