Почитувани,
Овде во шемата, жицата што се намотува, има улога на капацитивен дојавувач.
Сакам да кажам дека жицата сензорира електрично поле, преку капацитивноста која ќе се појави помеѓу кабелот и намотаната жица. Другиот крај од жицата виси, не е никаде поврзана. Би требало истиот ефект да се постигна и ако поставиме фолија.
Работи на сличен принцип како оние фазометрите кои имаат внатре батерија, FET, LED; оние што се изработени без тињалица, туку со LED.
Како што кажа GigaWatt, треба да работи и на целиот кабел.... со по-осетлива електроника; како што ваквиот фазомер свети и на кабел. Прекинувачот треба да биде поставен пред овај жица-сензор (прво прекинуч баш на фаза, па потоа жица-сензор) за да пали-гаси, и да баш низ прекинувачот (се прекинува) минува фазата; доколку не е фазата прекината (прекината е нулата, а фазата оди директно) ќе треба да се заротира кабелот, да си ги сменат местата фазата и нулата во кабелот.
Укажувам дека нема случност со принципот на работа со FI(D) склопка, каде со некој вид струен трансформатор се мери разликата на струите помеѓу фазата и нулата.
Поздрав,
mkfe.