Во ред е Гига 18-ката ,ама не знам дали Даниел сака 18-ка бидејки не верувам да сака да инвестира толку во звучници
Па, барем според мене, ако веќе почнува да гради ваквов систем, најмногу пари треба да вложи во звучниците
.
Тој не одговори и дали појачувачот е правен од него(едно време правеше и прашуваше за нешто такво!) или е фабрички.Во основа многу ретко во самоградба се постигнуваат максимални вредности во аматерски услови и без соодветни мерења.
Добро, да, но јас коментирав за „идеалниот“ случај, односно, коментирав под услов засилувачот да може да испорача моќност од 400W RMS.
За 18-ката треба 225 литарска кутија ( зошто не и 250 литарска) со тоа да страниците треба да бидат 2-2,5 см иверка и додатни вкрутувања.Кутијата би имала солидни димензии ,ке крене и цена ,па нека си размисли Даниел.За 18 ката гарантирам дека во затворен простор со тие 400W и 96 дб потисок е способна да озвучи секаков објект до 500 квадрати со пристоен звук.
Тоа ми беше и мене поентата
. Осетливоста на тој модел е прилично солидна, иако има импеданса од 8 ohm-и, така да, поентата ми беше, ако веќе решил да гради нешто вакво, нека го прави како што треба
. Да, тоа значи и повеќе пари, ама па да не излезе на крајот народната „сиромавиот дупло плаќа“
.