Не е дефинитивно, го имам пробано надвор од гитарата работеше перфектно на 12V. Имам дури и снимки како звучи, може да прикачам, помалку од мегабајт е.
Ќе пробам со коаксијални каблиња каде што е сигналот, ако не бива, со алуминиумска лента ќе ги оклопам и жиците од потенциометрите и прекинувачите, на крај на краиштата, ако и тоа не работи, ќе си направам друг за во гитарата, а овај ќе го адаптирам во педала... Ќе пишам апдејт кога ќе средам нешто, басот не е кај мене, на сервис е во Охрид.