Мислам дека шрафовите се само за прицврстување и не се поврзани со нитуеден од изводите на кондензаторот. Вакви кондензатори можеш да најдеш кај компресори (мотори) на фрижидери и се користат за стартување на моторот. Претпоставувам дека слична (или иста функција) имаат и во оваа ситуација. Како се врзани кондензаторите, сериски, паралелно? Ако се паралелно, можно е да треба да додадеш повеќе кондензатори бијдеќи моторот е прилично моќен. За разлика од овој мотор, моторите кај фрижидерите и клима уредите се барем дупло послаби (не знам точно во кои граници се движи моќноста на компресорите кај фрижидерите и клима уредите, но не верувам да се повеќе од 800W... кој знае повеќе нека пише).
Во секој случај, за стартување на моторите кај фрижидерите и клима уредите се користи еден ваков кондензатор со капацитивност од 47uF/250V~ (или барем на мојот фрижидер беше толкав, не знам, можеби се користат и некои со поголема или помала капацитивност врз база на моќноста на моторот на фрижидерот), а бидејќи нивната моќност е многу помала од моќноста на овој мотор за наводнување, следува дека треба да се додадат повеќе кондензатори во паралела или да се најде некој кондензатор со поголема капацитивност. Треба да се проба со (на пример) 200uF/250V~ или 470uF/250V~ (ако воопшто постојат волку големи кондензатори за оваа намена) и да се направи споредба, дали ќе бидат употребливи само една сезона или повеќе.
Ако има некој да допише нешто или да ме искорегира, нема проблем
. Ова е некое знаење кое го имам стекнато расправајќи се со мои уреди за разладување
, така да, далеку сум од искусен на оваа проблематика
.