Author Topic: Прашање во врска со полнач !  (Read 910 times)

Offline kapkata

  • Нов член
  • *
  • Posts: 4
Прашање во врска со полнач !
« Opened on 13.06.2012, Wednesday, 14:30:59 »
Здраво,вака имам едно напојување 500w кое дава 12 волти дали можам тоа да го искористам како полнач за акомулатор ?Ако тоа не е доволно можам да најдам уште едно напојување !  :)

Offline borisq10

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 230
  • Gender: Male
Одг: Прашање во врска со полнач !
« Reply #1 on 13.06.2012, Wednesday, 14:41:22 »
Од што е тоа напојување?

Offline kapkata

  • Нов член
  • *
  • Posts: 4
Одг: Прашање во врска со полнач !
« Reply #2 on 13.06.2012, Wednesday, 14:44:09 »
Напојувањето е ATX од компјутер ..

Offline borisq10

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 230
  • Gender: Male
Одг: Прашање во врска со полнач !
« Reply #3 on 13.06.2012, Wednesday, 14:47:25 »
неможиш да направиш полнач за акомулатор поради тоа што ампрезажата е многу послаба на напојувањето.. ако толку сакаш да направиш полнач за акомулатор види во темата Напојувања има доста шеми  :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Прашање во врска со полнач !
« Reply #4 on 13.06.2012, Wednesday, 15:37:17 »
Зависи колку струја може да даде на rail-от од 12V (обично пишува на самата кутија од напојувањето, иако ова не е секогаш точно, тоа е максималната струја која може да ја даде, но најчесто, барем кај евтините напојувања, тоа е peak current, значи може да ја даде ама мнопгу кратко време). Ако може да даде повеќе од 20-тина ампери на rail-от од 12V, тогаш да, би декол дека може некако да се искористи. Но, сепак, ќе треба да се модифицира напојувањето. Некои членови имаа спомнато дека акумулаторите (барем оние за кола, 12V-ните) се полнат со напон оа 14.1V (или тука некаде беше, 14.4V, не сум сигурен сега, прелистај малку низ форумов, овој факт е спомнат неколку пати, ако на некој му текнува, нека пише колку беше). Така да, модификацијата зависи од типот на напојувањето и кое интегрирано коло го користи како главен контролер. Иако се сите слични, сепак, се разликуваат.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."