Ова се во принцип огрмни прашања со огромни одговори и за дел од нив е потребно огромно предзнаење.
На форумов , па и на други места имам сретнато некои засилувачи за кои пишува дека се од А,Б... класа,дали е тоа според квалитетот на изработка или според звуко што го даваат не знам , како и засилувач без подесувања?
Засилувач без подесувања има само volume потенциометар, ништо друго, нема тонски контроли и многу аудиофили ги сметаат таквите засилувачи за „де факто стандард“ во аудио техниката и дека само со таков засилувач може да се добие „вистинскиот звук“ (звукот да биде „недопрен“, untouched). Некои се сложуваат со ова, некои не, јас не, сакам да ми биде обоен звукот и да можам сам (како што сакам, без presets како bass, techno, rock, итн.) да си го обојам. Со друго зборови, да си го наштимам како мене што ми одговара
. Да се разбереме, ова не значи „штимање“ во вистинската смисла на зборот (менување на pitch на тоновите), само се засилуваат или снижуваат определени фреквенциски опсези, ништо повеќе (обична тонска контрола
). Имаше еден период кога голем замав фатија ваквите засилувачи (не знам, можеби и сега уште се произведуваат), имам видено еден Rotel и Harman Kardon модел. Единствен факт кој стои во поддршка на тезата дека „овие засилувачи се подобри“ е само тоа што звукот поминува низ помалку ланци на обработка на сигналот, со што се намалува изобличувањето на сигналот (дел од второто прашање
).
Што се однесува до класите, само ќе напоменам дека не, нема никаква врска клацификацијата на класите со квалитетот или нешто слично на засилувачот (добро, некој можеби нема да се сложи со оваа констатација, и до некаде ќе биде во право, но најпросто ми беше вака да го објаснам
). Засилувачите се делат на класи според начинот на нивна изработка. Најпопуларни (општо, не само за домашна изработка) се класите AB и B. Класата A ретко се изработува комерцијално бидејќи е „струјно многу неефикасна“
(троши многу струја, дава малку моќност
). Е сега, тоа што троши многу струја а дава малку моќност е последица на принципот на работа на самиот засилувач кој (според некои) давал одличен звук и „тој е тој оригиналниот звук, ништо не може да звучи како A класа“, што до некаде „држи вода“, но јас претпочитам добро дизајниран засилувач во AB класа поред било кој засилувач во A класа
. Тоа е веќе прашање на вкус
.
Околу дизајните на самите засилувачи и разликите во класите... одговорот е предолг
, нема да го фати во еден post и бара доста големо предзнаење од електроника. Еве линк, прочитај
.
http://en.wikipedia.org/wiki/Electronic_amplifier
Ако е нешто нејасно, прашај, ќе објасниме
.
Исто така не ми е познат поимот изобиличување на звукот.
Изобличување на звук е исто така прашање со огромен одговор. Во странство, најчесто се означува како THD (Total Harmonic Distortion), кај нас може да се сретне под оваа кратенка, може да се сретне и само како „изобличување“, но некогаш (особено во постара литература) може да се сретне и како „клир фактор“. Еве линк и за тоа
.
http://en.wikipedia.org/wiki/Total_harmonic_distortion
Има малку математика, така да, ако има нешто нејасно, пак пиши, ќе гледаме да објасниме
.
Читањето на отпорниците јас знам дека е по кодот на бојата , но каков е отпорник на пр. 4w,5w,10w..
Секој отпорник си има и класификација на моќност. Напонот на неговите краеви помоножен со струјата која треба да протече низ него (еднонасочен напон и струја, ако е напонот е наизменичен, се пресметува неговата ефективна вредност) ја дефинира моќноста на отпорникот. Тоа значи дека ако моќноста што си ја добил при пресметките е 0.1W, треба да искроистиш отпорник со максимална моќност од 0.25W (стандардните, оние што се означени со бои) или евентуално 0.5W (малку поголеми се, но исто така најчесто се означуваат со бои
). Има и моќни отпорници, од по 4W, 5W, 15W, како што пиша. Ова значи (грубо „преведено“) дека може да издржат низ нив да течат големи јачини на струи без да прегорат. На пример, ако на местото на отпорник кој бил 10ohm/15W ставиш отпорник од 10ohm/0.25W, отпорникот со моќност од 0.25W ќе изгори скоро моментално
.
До тука стигнав, нека продолжат другите членови на форумот
.