Author Topic: 2x23W засилувач со TDA1561Q  (Read 4607 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: 2x23W засилувач со TDA1561Q
« Reply #15 on 24.05.2014, Saturday, 20:41:26 (Edited 24.05.2014, Saturday, 20:45:09) »
Дајте луѓе да бидеме озбилни,иако навистина и мене ме нервираат вакви прашања,ама со оглед на нивото на техничката култура на младинава за очекување е да се јавуваат и такви кои не знаат ниту шема да прочитаат,ниту пак знаат основни работи од електрониката.Мораме да превземеме нешто околу ова! Бицикле,ти си бар постар член и биди  озбилен,

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Одг: 2x23W засилувач со TDA1561Q
« Reply #16 on 24.05.2014, Saturday, 20:54:02 »
зборот ми беше трафо грц кондензатори... нели повеќето што го изработија го првеа за дома не за во кола. Инаку појачалото работи во две класи спрема температурата(одамна читав за тда-ва не знам кој класи ги опфаќаше точно, може да се имам префрлено и на 7294-ката.)

Offline dimce

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 256
  • Gender: Male
Одг: 2x23W засилувач со TDA1561Q
« Reply #17 on 27.05.2014, Tuesday, 10:21:41 (Edited 27.05.2014, Tuesday, 10:41:24) »
Јас кога би одбирал аудио засилувач би барал шема со интегрално коло што помали изобличувања.Не гледате ли дека има големи изобличувања 10% се. Сето тоа убаво што има снага ама гледајте кога одбирате засилувач за правење обратете пажња малку и на THD. Колку помал THD толку подобро.

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Одг: 2x23W засилувач со TDA1561Q
« Reply #18 on 27.05.2014, Tuesday, 12:53:31 »
Quote
Колку помал THD толку подобро.
Зависи за што ;)
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: 2x23W засилувач со TDA1561Q
« Reply #19 on 27.05.2014, Tuesday, 13:42:12 (Edited 27.05.2014, Tuesday, 16:43:31) »
Епа добро сега и Димче си е у право денеска D класата има премногу мал THD фактор.Не е како порано Киловолт кога се користеле ламбите па имало големи проценти изобличувања.Е сега да глеам овие што свираат на гитари електрични си бараат дисторзија поголема.Б класата кога излегла била најдобра со комплементарни транзистори.Едниот е НПН другиот ПНП.Едниот работи за време на позитивната полупериoда другиот за време на негативната или што би рекле push-pull.Или противфазен спој тоа исто е.Мада според мене најдобра е АБ класата.Ништо не заменува јако транзисторско појачало во АБ класа со повеќе транзистори во паралела по канал.Мада мене ако ме прашувате доста е употребуван и многу е добар засилувачот и со квази-комплементарен пар на транзистори.За во коли имам отварано појачала таму само мостната врска ја имам сретнато.Незнам јас за ова не сум сигурен но во појачалава за по автомобили само мостна врска имам видено.Може има и други немам јас некое искуство.И ете накрај до што дојдовме до D класа се е дигитално.Гледам у последниов број на Емитер дигитален засилувач 200 вати.Плочката нешто не е голема викам ту стварно чудно.Чудна е оваа Д класа дигитална и мал THD фактор вади.И на друг принцип сигурно и работи таа Д класа.Некое чудо од дигиталната електроника.Не сум имал Д класа појачало али викаат аудиофилите што ги знам аналогното си е аналогно АБ класата и ден денес не била заменлива.У тоа Емитерот немаше ни трафо а за 200W RMS у АБ класа ќе ти треба трафо со поголема номинална ватажа од ватажата што ја вади засилувачот декларираната.И кај овие засилувачи трафото е најскапо и најтешко.Треба добро да е изработено.Но секако и феритните јадра не се евтини. ;D 8).Па оваа класа си повлекува и електролити со поголем капацитет по секој канал.Но како викаат професионалците се е и до звучниците дали се добри и како репродуцираат звукот.Дали добро електричната моќност ја претвараат во акустична, дали се со добри гумени мембрани колкав е нивниот коефициент на полезно дејство ета и многу други работи што сигурно колегиве кои се искусни си ги знаат добро.И со помала снага на појачало е супер, еве јас со моето 50 вати Hi-Fi неможам да го трпам.А камо ли појако.Денес многу исто ги бараат Hi-Fi појачалата кои имаат многу мал THD фактор.0,05 проценти кај некои многу квалитетни професионални појачала па се до 0,1 кај квалитетните.Па се сложувам со Димче за фактот дека секој денес сака појачала со што помал THD фактор.Тоа е и иднината посебно е јака D класата денешна.Ту бре многу се помали бре.Но има и некои луѓе кој си сакаат потопол звук.Сакаат да има изобличувања.Ова беше мое мислење да недолжам.Како викаат аудио техниката е долга и широка приказна.Се е до човекот,се е до вкусот разбирањето.И најбитно се е до тоа колку ти дозволува џебот.Сакаш квалитетно појачало прво квалитетни звучници и добри финансии.А во врска со темава колеги тоа TDA1561Q не видов извинете тоест неможев да видам колкав THD фактор има. ;) :)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Одг: 2x23W засилувач со TDA1561Q
« Reply #20 on 28.05.2014, Wednesday, 03:28:45 »
д-класа и дигитално аудио? Д класа не знам од каде доаѓа дека е дигитална... не ни звучи добро на македонски... Д класа е пвм модулатор, дигитална контрола на звук е сосема друго- има нкеој си сензори контолираат тамо дали се наоѓа намотката во магнетно поле, ниво на тхд и тн... И не знам кој би направил разлика од 0.8 до 0.08% тхд(иако е разликата теоретски голема..) Сепак за дома би направил појачало со тда7294 него со 1562. Пред се 1562 е наменето за во кола а 7294 за дома/кафетерии. Што има врска трафото со класата на засилувачот(ферит железо торус EI лимови.. ). За кондензатори до сега кој знае колку пати проверено-минимум 1000уф по ампер- на многу места имам читано дека аудиофилите препорачуваат 6000уф по ампер- и оваа ралика тешко некој дека ќе ја примети... инаку тда 1562 има 10% тхд на 55 вати(така мислим, али одприлика е толку)
Ако го занима некој за д-класа може да пишам 2-3 реда...