Јас секогаш Custom! Од кога памтам сам си склопувам компјутер. Не дека некој ќе ме зае*е, ама јас мислам дека сум добар хардвераш. Никогаш не штедам пари ако сакам да купам добра машина. Последниот десктоп компјутер беше купен во 2003 година и беше лично од мене конфигуриран и тоа:
CPU:Pentium 4.....2,4ghz Hypertrading
MB: Asus p4p800-VM
Ram: 4 Gb
графичка карта беше многу добра не знам сега која беше, ама покасно ја сменав и ставив Sapphire Atlantis Radeon 9800 PRO Ultimate Edition 256MB
Ова беше компјутер што го работев до лани, знам дека до пред 4 години ја играше скоро секоја понова игра и ги шиев тогаш до 2009 година и поновите просечни компјутери. Ова беше нуклеарна машина.
Компјутерот цркна и повеќе не проработе, кога испитував дел по дел, сите витални делови не работеа, значи процесорот, рамот, графичката, и плочата, сите ги пробав на друг компјутер ама не работеа. Како и да е јас сум задоволен.
Јас пак сега правам листа за конфигурација, и најверојатно ќе кошта многу.
Пред се обратете внимание на матичната плоча, оти не ги пишат во понудите и ако сакате добар компјутер ако сте навлезени малку повеќе во тоа, направете си сами конфигурација