Со оглед на тоа дека нема многу раздвиженост (за жал) стотиот топик е од крајот на декември 2020 а тоа значи брз увид во последните 9 месеци.
Можеби треба да имаме yearly digest
.
Имаше интересни теми пред некое време ако не се лажам, како на пример за ЕЦУ за коли, кои не паѓаат во очи бидејки биваат препокриени од некоја опомена за некдиран линк или коментар колку е смешна некоја слика.
Такви теми се препокриени од проста причина што брзо снемува интерес за нив... ОК и кул се како проекти и идеи, но бараат време, пари, тестирање, истражување... нешто што ретко кој кај нас го прави (или можеби го прават, но, очигледно, не сакаат да го презентираат на форумов... или било кој друг форум... ретко имам начекано Македонци по странски форуми, освен Балканскиве, а и ако го има, најчесто само прашуваат нешто, не се оние кои се двигателите на форумот). Ако не ми веруваш, логирај се барем еднаш во неделата на форумот, ќе видиш какви теми се отвараат и ако се отвори таква некоја тема (релативно интересна и за мене, да бидам искрен, но, за жал, бара пари и време), ќе видиш за колку време ќе замре активноста во таа тема. 10, 15 коментари, плафон... и потоа, ништо... штама.
Верувај, за жал, таа е реалноста. Не дека сакам да е така, радо би да не е така, но... за жал, е.
Претпоставувам дека повеќемина не коментираат и пружаат помош бидејки не ги гледаат другите топици.
Мислам дека има опција во тој mod (модфикација, plugin, за recent posts на форумот) да се зголеми бројот на recent posts по страна. Општо прифатен консензус тогаш (мислам дека и членовите беа консултирани кога се префрливме на SMF 2.0.x) беше да има по 5 post-а од страна, а по default мислам дека доаѓаше со 10 post-а по страна. 10 post-а им беше премногу (додека се изскрола надолу до секциите) за повеќето членови, намален беше на 7, па и за 7 некој член мислам дека спомна дека е многу, па го намаливме на 5.
Ако сметаш дека посетеноста на форумот има шанси да се зголеми ако се зголеми овој број на recent posts од 5 на, на пример, 7 или 10, јас немам ништо против, би разгледал каде се менуваше таа опција
(не знам на памет, одамна беше
).
Се разбира, ќе мора ова да се стави на гласање јавно на форумот, да видиме дали и другите би се согласиле со вакво нешто, со тоа што, се разбира, ќе биде пишана и причината поради која ова би се направило (да се зголеми активноста на форумот)... бидејќи оние кои се запознаени со форумот, генерално, знаат како да стигнат до постарите теми, поентата е за нови членови ова да биде полесно, нели
.