А што треба на излез на звучната карта да има? Некој сензор или? Почетник сум и не знам мн за овие осцилоскопите .
Само треба да имаш Aux In на звучната карта (сите модерни on-board и на PCI/PCIx слотови имаат), толку
. Потоа врзуваш некој извор на сигнал и мериш
. Се разбира, не е препорачливо да се мери директно од некое коло (иако е можно тоа) бидејќи можно е да се случи несакајќи да дојде висок напон до влезот на звучната крата, па да ја изгориш картицата :S. Се препорачува да има засилувач/атенуатор на влез-от од аудио картицата кој (колку толку) ќе го одвојува влезот од аудио картицата од колото кое се мери (можеби не галвански, но било какво одвојување би било ОК
).
Како за почеток, може да пробаш да мериш со оние 1:1 трансформаторчиња што го има во dial-up модеми
. Тие се корисни за вакви работи
. Преку него, сигналот галвански се одвојува од колото кое се мери
. Најверојатно ќе внесе изобличувања тансформаторот, но колку за почеток, е сосема доволен
. Колку да добиеш идеја како се работи со осцилоскопи или вакви програмчиња
.
НАПОМЕНА: Во никој случај не треба да се носат високонапонски сигнали до влезот на аудио картицата. Влезот можно е некако да се справи со сигнали со аплитуда до 3V, но не и повисоки од тоа. Затоа реков дека треба да се користи некаков вид на екстерен засилувач/атенуатор.