Во ред е, не ја видов воопшто шемата (дека е 22К лин. тој потенциометар).Види најди даташит за колото и види дали има податок кој напон му доаѓа на пин 24.Потоа може проблем е оној 10мФ електролит паралелно со регулациите.Трета варијанта може да биде да ставиш тример 22к лин.место потенциометарот,да го ставиш некаде на максимум,а на излез да врзеш стерео потенциометар 2х10-22к лог помеѓу предпојачалото и излезното појачало.Дали другите регулации се во ред,односно дали регулираат правилно?